1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Дигитализацијата (не) ги заглупавува децата

Новата генерација млади луѓе расте со лаптоп и смартфон. Дигитализацијата на околината може негативно да влијае врз развојот на психата и мозокот кај децата, предупредуваат некои научници.

Психологот Манфред Шпицер е загрижен кога ќе се отвори темата „децата и компјутерите“. Овој професор на Универзитетот во Улм ги смета компјутерите и конзолите „Плејстејшн“ за „машини за спречување на учење“. Генерацијата која расте ќе има големи пречки, предупредува тој.

„Поради тоа што младите многу време минуваат со дигиталните медиуми, попречени се нивниот развој и образование, и тоа е докажано“, вели Шпицер.

Образложението за тоа гласи: компјутерите ни ја одземаат потребата да размислуваме, а тоа е процес кој го одржува мозокот во форма и не прави попаметни.

Шпицер ја споредува функцијата на мозокот со мускул, кој атрофира доколку не се користи. Тој особено предупредува од прерано користење на компјутерите кај

Ulmer Hirnforscher Manfred Spitzer

Манфред Шпицер

децата. Студиите покажуваат дека децата до три-годишна возраст воопшто не се во состојба да научат што било што им се презентира преку екран. Напротив, постои зголемена опасност поради тоа да имаат пречки во развојот на говорот.

Спорни тези

Сепак, заклучоците на Шпицер се спорни за некои други научници, особено за оние кои се бават со образованието.

„Се противам на ставовите на оние кои тврдат дека компјутерите направија се’ да биде полошо и дека порано беше подобро од денес. Тоа не е точно“, вели Штефан Ауфенангер, професор по медиумска педагогија на Универзитетот во Мајнц.

Сепак, и тој е противник на праксата децата да се остават пред екран, без разлика дали станува збор за компјутерски или телевизорски.

„Постојат родители кои сметаат дека што порано децата почнат со тоа, ќе ги зголемат своите шанси за подобра кариера. Тоа е бесмислено“, вели Ауфенангер.

Научникот Василиос Фтенакис исто така смета дека дигиталните медиуми не треба да се ставаат на „столбот на срамот“.

„Студиите не пружаат доволно докази дека користењето на медиумите штети само по себе. Она што штети е содржината, времето на користење и неврамнотежното поттикнување на развојот“.

Одговорноста за тоа ја носат родителите, но и образовниот систем. Доколку родителите сметаат дека нивното дете минува премногу време пред компјутер треба да разговараат со него. Забраната не го решава проблемот.

„Не треба да се пристапува кон драстични мерки. Забраните по правило не ја поправаат состојбата, туку понекогаш само ја влошуваат“, вели Фтенакис.