1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Дигитален отпечаток од прст е дозволен

Мешање во личните права или национален интерес? Европскиот суд мораше да одлучи, дали Германците смеат да одбијат дигитално меморирање на своите отпечатоци на прсти во пасошот. Денеска падна пресудата.

Меморирањето на отпечатокот од прст во дигитална форма во пасошот е дозволено и не ги крши основните права. Со оваа пресуда Европскиот суд во Луксембург ја отфрли тужбата на еден Германец.

Адвокатот од Бохум во Северна Рајна Вестфалија при поднесувањето на барање за нов пасош го одби облигаторното скенирање на неговите отпечатоци од прсти. Според негово гледиште со тоа се кршело неговото основно право за заштита на личните податоци.

Општото добро пред личното право

Европскиот суд мораше да се занимава со случајот, бидејќи надлежниот Управен суд во Гелзенкирхен го проследи прашањето.

Подносителот на тужбата аргументираше дека со дигиталното меморирање на отпечатоците од прсти се создавале предуслови за централни датотеки за биометриски податоци. Тие би можеле, а во некои земји како Холандија и Австрија веќе е замислено, да бидат употребени при следење на злосторници.

Europäischer Gerichtshof in Luxemburg EuGH

Европскиот суд во Луксембург

На тој начин постои опасност од сомничења по грешка, ако некој случајно оставил отпечаток на погрешно место, смета подносителот на тужбата. Освен тоа ЕУ воопшто не била надлежна за регулативата за пасошите.

Европското право важи

Судиите во Луксембург му противречија на ова гледиште. Меморирањето на биометриски податоци во пасошите било мешање во приватната сфера, но е оправдано во борбата против измама. Имено со помош на меморираните податоци било можно, да се откријат фалсификувани документи и нелегален влез во територијата на Европската унија.

Во аргументацијата на подносителот на тужбата, дека за идентификација на една личност попогоден бил отпечаток од ирисот во окото отколку отпечатоци од прстите, судот не ја прифати. Апаратите за скенирање на очите технички не биле толку развиени. Освен тоа при меморирањето на отпечатоците од прстите во доволна мера била гарантирана заштитата на податоците.

Освен тоа одредбата на ЕУ важела и во контекст на Повелбата за основните права во Европската унија, сметаат судиите. ЕУ државите и Европарламентот ја усвоија одредбата и на тој начин создадоа погодна правна основа.

Во Германија во 2005 година беше воведен електронски пасош, а како биометриско обележје оттогаш се меморира фотографијата во чипот. Од 2007 година на новите пасоши се меморирани и два отпечатоци од прсти.