1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Диви животни во Берлин

Дивите животни ги освојуваат германските градови затоа што нивната животна околина се уништува, а во близина на луѓето полесно наоѓаат храна. Во Берлин има ракуни, лисици, диви свињи...

Берлинските ноќи се долги. Последните посетители на забави дома се враќаат во мугрите. А тогаш доаѓа до средби од друг вид, со дивечот од Берлин.

На пример, можете да видите еден ракун на покривот.

„Кога станува тивко и темно, кога ние одиме на спиење, градот во принцип се буди. Тогаш стануваат активни дивите животни и се обидуваат да го освојат за себе градот, барем на неколку часа“, објаснува Дерк Елерт, задолжен за проблемите со дивите животни во Берлин.

Кога ракун ќе грабне риба од чинија од некој стан или лисица се нашла во метро, тогаш го повикуваат Дерк Елерт, берлинскиот виш ополномоштеник за диви животни. Тој има полни раце работа, неговиот телефон ѕвони до 50 пати дневно, кога некаде пред врата повторно стои див сосед.

„Сега повторно мириса. Оваа миризба, слична на маги, прекрасно, ја сакам природата, а најмногу дивите свињи,“ воодушевен е Елерт.

Но, леле мајко кога само една од околу 3 илјади диви свињи во престолнината дивее. Тогаш разгневените градинари веднаш го бараат Елерт да интервенира.

На еден паркинг живее семејство лисици. Кантата за ѓубре е нивниот супермаркет, отворен нон-стоп. И овој претставник на престолнината не се плаши од луѓе. Тоа се нарекува „урбанизација на дивите животни“.

„Урбанизација на дивите животни значи дека тие се приближуваат кон луѓето зашто им е поедноставно да живеат овде. Во меѓувреме лисиците ги намалија глувците во градот. Тие ги ловат. Освен тоа, им треба само да ја стават муцката во канта за ѓубре и да се нахранат. Значи, на ’урбанизирано животно’ му е полесно да живее со луѓето отколку против нив“.

Назад во градот кон еден од 600-те ракуни. Берлин е град со најголем вид врсти, во германската престилнина има над 20 илјади растителни и животински видови. Најголем дел имаат странско потекло. Ракунот потекнува од Северна Америка.

Средба со ракун и така и така, но што ако наспроти вас наеднаш стои хорда диви свињи?

„Ако пред вас, барем во Берлин, се најде хорда диви свињи, треба да да застанете. А ако сте сами, звучи навистина смешно, но треба да зборувате гласно со животните. Зашто, дивите свињи во градот се навикнати на се‘ освен на луѓе што молчат“, советува Дерк Елерт.

Внимавајте. Како да се однесува коректно модерниот жител на метропола?

„Здраво, што бараш ти овде? Што бараш овде“?

Така е правилно - да се зборува со животните, но да не се хранат.