1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Дивац се прости од професионалната кошарка

*

Познатиот српски кошаркар Владе Дивац пред 10.000 поддржувачи во Белград синоќа се прости од професионалното играње. Некогашниот репрезентативец покрена и акција за помош на бегалците и раселените лица. “Сега почнува мојот најважен натпревар и најдобриот тим оди во најголемата победа – да им помогне на луѓето кои останаа без земја, куќи и пријатели и кои живеат во недостоинствени услови”, порача Дивац. Инаку на спектакуларното простување присуствуваа кошарските ѕвезди како Александар Џорџевиќ, Предраг Даниловиќ, Зоран Савиќ и Жарко Паспаљ, како и повеќе познати ѕвезди од НБА лигата каде играше Дивац.