1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Де Мезие во ненадејна посета на Авганистан

Германскиот министер за одбрана Томас де Мезие пристигна во ненадејна посета на Авганистан. Тој во базата на Бундесверот во Кундус се информира за актуелната состојба.

Германскиот министер за одбрана Томас де Мезие пристигна во ненадејна посета на Авганистан. Целта на посетата на трупите е надлежниот министер да се информира за актуелната состојба во северниот регион, за кој е надлежен Бундесверот. При посетата се очекува да се разговара и за подготовките за повлекување на германските војници. Германската влада има намера до крајот на 2014 година да ги повлече борбените трупи од оваа земја. Министерот Де Мезие најави дека до оваа есен ќе бидат завршени плановите за повлекување.

Ова е седма посета на Авганистан на министерот за одбрана, последен пат беше во Кабул во март годинава на политички разговори. Во моментов во северниот дел на Авганистан се стационирани 4.800 војници на Бундесверот.

НАТО има намера до крајот на 2014 година да ја заврши мисијата која трае повеќе од десет години. Дотогаш треба да се обучат силите за безбедност на Авганистан да ја преземат одговорноста во свои раце.

АТ/ дапд/ афп