1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Де Марнак не очекува решение за Косово до крајот на годинава

*

Новиот командант на силите на НАТО на Косово Ксавие Бо де Марнак, не очекува до крајот на годината да биде решен косовскиот статус. Де Марнак истакна дека НАТО внимателно треба да ги испланира своите активности во периодот по 10 декември, но оти не треба предвреме да се шпекулира. Според командантот, датумот поставен како краен рок за преговорите може да биде критичен ден, но и не мора.

Преговорите меѓу Белград и Приштина треба да завршат во декември, по што преговарачката тројка ќе го презентира извештајот пред генералниот секретар на ОН.