„Дејтон“ за Косово? | Теми на денот | DW | 09.10.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

„Дејтон“ за Косово?

Советот за безбедност на ОН денеска треба да одржи редовни консултации за Косово. Во меѓувреме засегнатите страни реагираат на најавата за можно одржување на завршна преговарачка конференција , слична на Дејтонската .

default

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун денеска пред Советот за безбедност ќе го претстави својот најнов извештај за Косово

Најавата за можно одржување на завршна конференција за одредување на статусот на Косов на која би учествувале претставниците на Белград и на Приштина и на меѓународната преговарачка “тројка“ ја изнесе Волфганг Ишингер , европскиот претставник на тројката за време на викендот.

Српскиот претседател Борис Тадиќ порача дека секаква конференција за идниот статус на Косово е прифатлива доколку се одвива под закрила на ОН . И шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ смета дека таква конференција би можела да биде од полза и Белград е подготвен за директни преговори во каква било форма под закриле на ОН :

„ Мислам дека фактот да седиме на иста маса со приштинската делегација е корисна работа, односно единствено преку директни разговори всушност и можеме да се надеваме на пронаоѓање на какво било компромисно решение“

Министерот за Косово и Метохија во српската Влада Слободан Самарџиќ меѓутоа истакна дека шпекулациите за одржување на меѓународна конференција се сосема неосновани.

Косовските претставници се единствени во ставот дека нема потребаза одржување на таква конференција . Нема ниту една официјална индикација дека ќе дојде до конференција за Косово слична на онаа во Дејтон на крајот од босанската војна- изјави по вчерашниот состанок на косовскиот преговарачки тим, неговиот портпарол Скендер Хисени:

„Она што со целосна веродостојност може да се каже е дека не може да се повлекува паралела меѓу Косово и Босна изатоа што се тоа две потполно различни прашања“ – рече Хисени и нагласи дека сеуште не е познато како ќе бидат завршени преговорите за статусот на Косово.

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер, вчера по средбата со австриската колешка Урсула Пласник во Берлин нагласи дека завршна конференција не е предвидена но не е исклучена

"Со европскиот претставник во Тројката повеќепати разговаравме и врз основа на ова, можам да кажам дека слична завршна конференција како Дејтонската не е предвидена, но не е и исклучена! И тоа е суштинска разлика. Се ќе зависи од напредокот во доближувањето на позициите меѓу Косово и Србија - дали на крајот ќе има резултат или ќе има потреба од завршна конференција. Во секој случај има принципиелна подготвенсот за организирање таква конференција, доколку двете страни сметаат дека е потребна” - изјави Штајнамер за Дојче Веле.

Попладнево во Њујорк Советот за безбедност ќе одржи консултации за Косово , на кои ќе бидат претставени редовните извештаи за состојбата во покраината на шефот на УНМИК, Јоаким Рикер и генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун.

Се очекува Бан во својот извештај да посочи дека на Косово и натаму е забележлива нестабилност поради продолжувањето на преговорите за статусот , што би можела да се зголеми доколку наскоро не биде постигната договор за иднината на покраината.