1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Децентрализацијата во Македонија во фокусот на разговорите Солана – Црвенковски во Брисел

Црвенковски и Ахерн при предавањето на апликацијата на Македонија за членство во ЕУ

Црвенковски и Ахерн при предавањето на апликацијата на Македонија за членство во ЕУ

Дури и “хипотетичка претстава” за одржување референдум за територијалната организација на локалната самоуправа би можела да го забави, но не и да го запре целосното спроведување на Охридскиот договор, изјави синоќа во Брисел високиот претставник за заедничка надвореша и одбранбена политика на ЕУ Хавиер Солана по средбата со македонскиот претседател Бранко Црвенковски. Солана пред новинарите додаде дека е ”убеден оти тоа нема да се случи”, истакнувајќи дека верува во “зрелоста на македонските граѓани” до крај да го спроведат Охридскиот договор што Македонија силно ќе ја доближи до ЕУ.

Бранко Црвенковски изрази уверување дека мнозинството пратеници во парламентот ќе гласаат за предлогот на владата за територијалното уредување на локалната самоуправа. Македонија е цврсто решена да ги спроведе реформите кои ќе го подобрат животот на нејзините граѓани и ќе ја доближат земјата до ЕУ, рече македонскиот претседател. Според него, децентрализацијата сега е најважниот чекор во споредувањето на Охридскиот договор. Црвенковски и во Брисел ја повтори оцената дека во насилните инциденти во Струга “не учествувале добронамерни граѓани на Струга и на околината”, како и дека оние кои се противат на децентрализацијата сакаат да ја вратат земјата во состојбата од 2001-ва година. “Длабоко сум убеден дека огромното мнозинство од нашите граѓани, без оглед на нивната етничка припадност, тоа нема да го поддржи и оти Македонија има демократски потенцијал и внатрешна моќ да продолжи по патот што го одбра” – рече Бранко Црвенковски во Брисел. Оценувајќи ја како поединечна, тој не сакаше да ја коментира изјавата на новиот претседател на Комисијата на ЕУ Жозе Барозо дека по влегувањето на Бугарија, Романија и Хрватска нема скоро да дојде до наредно проширување на Унијата.