1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Децата умираат во близина на нуклеарки

По катастрофата во Фукушима, Германија одлучи постепено да ги затвора своите нуклеарни централи. Она што не беше познато досега е дека десетици деца кои живееле во близина на централи починале од рак.

Рафаел Ретер на тригодишна возраст починал од леукемија. Tој живеел со своето семејство на само четири километри оддалеченост од нуклеарната централа Гундреминген во јужна Германија. Тоа е најголемата германска нуклеарна централа, која согласно одлуката на германската влада треба да работи до крајот на 2021 година. Не може директно да се докаже дека радијацијата од оваа централа ја предизвикала смртта на малиот Рафаел, но статистиките покажуваат дека малите деца кои живеат во близина на нуклеарки двапати почесто заболуваат од леукемија.

Со приближувањето на нуклеарните централи до местото на живеење се зголемува и ризикот од рак, покажува досега најобемната и најпрецизна студија спроведена на оваа тема. Според наодите, во периодот од 1980-та до 2003-та година меѓу 120 и 275 мали деца заболеле од рак, само затоа што живееле во близина на нуклеарки. Особено биле загрозени деца помлади од пет години кои живелее во круг од 5 километри од централите.

Сепак, експертите и денес не знаат зошто канцерогените заболувања се зачестени кај луѓето кои живеат во близина на нуклеарките. Според проценките на Германската комисија за заштита од зрачење, зрачењето треба да биде 1.000 пати поголемо за да може да се воспостави таква врска. Според д-р Алфред Керблајн, физичар и експерт за зрачење, при согорувањето низ оџаците на нуклеарките, накусо избива и најголем дел од годишната емисија на радиоактивно зрачење. Доколку на тој начин се озрачи некое чувствително тело, на пример ембрион, се зголемува ризикот од рак. Според Керблајн, тоа би

Atomkraftwerk Gundremmingen

Нуклеарната централа Гундремнинген

можело да биде едно логично објаснување за растот на бројот на заболени.

Во близина на нуклеарките се раѓаат помалку девојчиња

Експертите од минхенскиот центар Хелмхолц пружија нови сознанија кои се однесуваат на зрачењето на нуклеарните централи и имаат влијание и врз генетскиот код. Тие внимателно го проучиле регистарот на новородени деца и дошле до заклучок дека во круг од околу 40 километри околу нуклеарките се раѓаат за еден отсто помалку женски деца.

Биоматематичарот Хаген Шерб кој раководел со истражувањето за ДВ изјави дека поради цивилно користење на нуклеарната енергија во Германија и Швајцарија се родени меѓу 10 и 20 илјади девојчиња помалку. Сознанието дека радиоактивното зрачење влијае врз полот на децата не е ново. Американскиот генетичар Херман Џозеф Милер за тоа откритие доби Нобелова награда уште во 1946 година.

Особено малку женски деца се раѓале во близина на германското складиште за нуклеарен отпад во Горлебен. Таму, во периодот меѓу 1996-та и 2010-та година се родиле речиси илјада девојчиња помолку од она што можело да се очекува согласно нормалната стапка на прираст.

Од германскиот Атомски форум како и од Сојузниот завод за заштита од зрачење за ДВ соопштија дека врз основа на споменатите студии се преземаат мерки за заштита и дека се поддржуваат натамошни истражувања, но дека досега немало повод за специјална превенција.