1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Децата - колатерална штета на војната

И двете страни во конфликтот во Сирија грубо ги прекршуваат правата на децата, изјави генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, во извештај до Советот за безбедност на светската организација.

Според Бан, вооружените групи врбуваат малолетници за војници, а владините војски, пак, ги подложуваат на мачења заради претпоставени врски со опозицијата. Вооружените групи на опозицијата врбуваат деца за извршување на воените операции и за логистичко обезбедување. И покрај тоа што нема сведоштва за врбување деца од владините војски тие, сепак, се одговорни за апсењата, произволните приведувања и мачења на децата заради претпоставените или фактички врски со опозицијата. Освен тоа, тие ги искористуваат како „жив штит“, пишува во својот извештај генералниот секретар на ОН, што е насловен „Децата и вооружениот конфликт во Сирија“.

Расцепканоста на вооружените групи на опозицијата се‘ повеќе ги отежнува преговорите за гарантирање на безбеден пристап до линијата на фронтот. Џебхат ан Нусра (Фронт на победата) и другите вооружени групи редовно ги напаѓаат хуманитарните конвои, дополнува Бан Ки Мун. Според податоците на генералниот секретар на ОН, во последните месеци борците на сириската опозиција уапсиле, раниле или убиле десетици соработници на уманитарните структури на ОН и на другите невладини организации. Тие разграбале и многу камиони со производи, наменети за мирното население. Од 1 март 2011 до 15 ноември 2013 година во Сирија биле уапсени 17 меѓународни соработници на ОН. До 31 октомври 13 локални соработници на ОН биле убиени, 22 приведени, исчезнати или уапсени, посочува Бан Ки Мун.