1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Децата како работна сила - нема проблем!

Во многу земји, детската работа е нешто сосема нормално. Ни родителите, ниту децата имаат проблем со тоа, а сиромаштијата често не им ни остава други можности. Детската работа е забранета и со меѓународните конвенции.

default

Столарската работилница на Мадани Думбиа е една од најголемите и најстарите во Бамако, главниот град на Мали. Тука работат повеќе од дваесет работници. Осум од нив се деца, на возраст меѓу шест и десет години. Абдулаје има 16 години. Тој работи тука веќе осум години, а паралелно оди и на училиште. „Се‘ уште сум ученик. Секој ден станувам во шест часот. Се мијам, појадувам и потоа одам на училиште. По наставата, работам тука. Во 17 часот можам да си одам дома, се туширам и малку гледам телевизија. Никогаш не си легнувам без да ги напишам домашните задачи.“

Welttag gegen Kinderarbeit - Kinderarbeit in Sambia Flash-Galerie

Децата не смеат да работат ризични работи додека не станат полнолетни

Вака набиени денови, освен Абдулаје, имаат и многу други деца во Мали. Теоретски, на децата им е забрането да работат додека не наполнат 14 години, а во одредени ризични бранши, децата смеат да работат дури откако ќе станат полнолетни. И Мали ги има ратификувано сите меѓународни договори кои се однесуваат на детската работа, но таа, сепак, е дел од секојдневието. Две од пет деца во Мали работат редовно – стои во една студија на меѓународните организации.

„Најпрво претпочитаме да гледаат и учат“

На Абдулаје му е уште релативно добро во столарската работилница. Тука на прв поглед изгледа дека никој не го злоупотребува или малтретира. Мадани Думбиа е менаџер во работилницата. „На децата не им даваме тешка работа. Тие не мора да работат со тешки машини, на кои може да се повредат. Некои сакаат веднаш да работат, но ние претпочитаме најпрво да гледаат и учат, за ништо лошо да не им се случи.“

Lage in Gaza - Flash-Galerie

Децата најпрво гледаат како се работи и учат

Вработените во работилницата дури и самите ги носат своите деца на работа. Тие би сакале, нивните деца што е можно порано да се навикнат на работа. Експертите како Мулајe Хасан Тал, раководител на државната програма за елиминација на детската работа, сепак е загрижен за ваквата појава: „Децата тука работат со опасен алат како чекан, длето и шајки. Тие немаат никакви чевли, никакви ракавици или заштитни очила кога ги гледаат нивните татковци додека заваруваат. Се‘ тоа е штетно директно, или индиректно за нивното здравје, или ја загрозува нивната безбедност. "

Потреба од информативни кампањи за да се убедат родителите

Токму подготвеноста на родителите да дозволат нивните деца да работат, ја отежнува забраната на детската работа во Мали. И државната програма за борба против работењето на децата нема одговор на прашањето како да се убедат сиромашните семејства. Одговор нема и на прашањето кога едно дете е доволно возрасно за да може да работи. Многу родители не разбираат зошто децата може да почнат со работа дури од 14 години.

Welttag gegen Kinderarbeit - Kaffeeanbau in Kolumbien Flash-Galerie

Родителите треба да разберат дека местото на децата е в училиште

„Живееме во мошне сиромашна земја, тоа им отежнува на родителите да кажат дека децата не треба повеќе да работат. Потребни ни‘ се информативни кампањи, објаснување, за родителите да разберат дека децата од 12 или 14 години треба да одат на училиште, а не да работат", вели Мулаје Хасан Тал.

Сиромашните деца би можеле и да подработуваат?!

Двојното оптоварување за 16 годишниот Абдулаје со одење на работа и на училиште е речиси при крај. Тој посетува стручно училиште во главниот град на Мали, Бамако. Наскоро ќе стане квалификуван работник за висока и длабока градба. Уште отсега размислува да формира своја фирма. Работењето на децата за него не е никаков проблем: „Секако дека децата треба да одат на училиште. Но, сиромашните деца би можеле покрај тоа и да подработуваат, како на пример јас во работилницава. Тоа е добро за нив“, заклучува Абдулаје.

Автор: Махамаду Коне / Ана Алибегова

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска