Децата во Германија немаат еднакви шанси | Свет | DW | 24.06.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Децата во Германија немаат еднакви шанси

Лошите статистички податоци за резултатите од ПИСА-студиите ги „разбудија“ германските политичари, но сепак - и покрај сите реформи во образованието, шансите на сите деца не се исти!

Rear view of pupils raising arms during the lesson with teacher looking at them education; people; girl; teacher; woman; female; classroom; person; school; schoolgirl; pupil; study; schoolkid; kid; little; child; lesson; knowledge; white; children; schoolchildren; learn; studying; wisdom; educational; indoor; elementary; beginner; schoolboy; together; group; classmate; raising; stretching; answer; ask; mate; class; row; arm; smiling; positive; happy; smart; clever; diligent; pretty; handsome; youthful; rear

Symbolbild Schule Unterricht Schüler Lehrerin

Манфред Пренцел е истражувач во сферата на образованието и советник на германската влада. Повремено е и преносник на неубави вести. Така, на почетокот на март, во Комисијата за образование на германскиот Бундестаг рече дека во Германија постои голем проблем со праведноста: „Зависно од тоа во која покраина живеат учениците, тие се и различно поттикнувани. Разликите во нивните постигнувања се движат до еднаипол училишна година.“ Со други зборови: за еден млад човек може да е голем минус доколку оди на училиште во покраините Бремен или Шлезвиг Холштајн, а не во Баварија или Саксонија. Образованието во сојузна Германија е прашање во надлежност на покраините, и секоја од покраините води политика која ја смета за разумна и финансиски поднослива. Соодветно на тоа, завршеното средно образование и „визата“ за натамошно универзитетско образование вреди повеќе ако е од Баден Виртемберг, отколку од Берлин.

Mädchen mit Doktorhut

Децата на високобразовани родители имаат подобри шанси

Освен тоа, голема улога игра и фактот какво училиште се посетува и од какво семејство доаѓа ученикот. Неодамна објавената студија „Огледало на шансите“ на фондацијата Бертелсман, уште еднаш црно на бело потврди дека децата кои живеат во социјално слаби средини, кои доаѓаат од семејства каде родителите не се образувани на високо ниво или потекнуваат од мигрантско семејство, имаат значително полоши шанси за добри резултати отколку децата од семејства каде родителите имаат високо образование и живеат во добро „граѓанско милје“. Жално сознание кое има скандалозна нота, затоа што не е ново, туку требаше да биде елиминирано со помош на реформи кои се спроведуваат веќе десет години.

ПИСА-шок

Германскиот школски систем долго време важеше за солиден. Фронталната настава и раното распоредување на ученците во повисок степен на образование (од основно училиште во гимназија, реалшуле - каде се запишуваат учениците со среден успех или хауптшуле - каде вообичаено завршуваат учениците со најслаб успех) не се ставаа под знак прашалник. Тогаш, во 2001 година, излезе првата ПИСА-студија, меѓународно истражување за постигнувањето во училиштата спроведено од ОЕЦД. Сојузната република беше во шок, зашто германскиот школски систем доби аларамантно лоши оценки. Во сите сфери каде беше спроведено тестирањето - читање (со разбирање на текстот), математика и природни науки, 15-годишниците од Германија беа послаби од просечниот успех постигнат во водечките индустриски нации. Една точка беше особено алармантна - во ниту една друга земја социјалното потекло не беше толку пресудно за успехот на училиште како во Германија, никаде на друго место децата на мигрантите немаа толку слаби резултати. За рамноправност, односно еднакви шанси, не можеше да стане збор.

Pisa Studie 2010

Оттогаш, наголемо и нашироко се спроведуваат реформи. Во секоја од покраините тие се малку поинакви, но со заедничка цел - да се овозможат подобри резултати во училиштето, независно од социјалното потекло и колку што е можно повеќе млади да постигнат успех кој ќе им обезбеди универзитетско образование. Образованието стана тема и во градинките, на училиште се запишуваат дури и петгодишни деца, а ширум земјата се отворени голем број училишта со целодневна настава, иако отпорот на почетокот беше голем. Наставата е со ориентација кон проекти, теми кои зафаќаат повеќе предмети, а се прават напори и за индивидуално поттикнување. Се‘ почесто натамошната училишна кариера на детето не се решава веќе по четвртото одделение, туку подоцна. Во меѓувреме, резултатите во делот на читање и разбирање на текстот се еднакви на просекот во земјите во кои се спроведува истражувањето на ОЕЦД, а тие во математика и природни науки дури и значително над просекот. Зголемен е и бројот на деца кои постигнале успех со кој имаат право да се запишат на факултет. Единствено еднаквоста на шансите е иста, не се зголемува!

Образовна џунгла

Die Kinder in einer Lesebude

Има работи кои не се променети - се‘ уште недостига наставен кадар, нема доволно пари, со германскиот образовен систем се‘ уште доминира размислувањето за конкурентност. Како што покраините се натпреваруваат за образовни успеси, така во нив, во градовите и општините, се натпреваруваат училиштата. Секоја образовна установа става акцент на различни работи, се дистанцира од другите и сака да се издигне над нив. Кај дел од училиштата во преден план се уметноста и музиката, кај други техниката и природните науки, кај трети се нудат дополнителни јазични курсеви за децата на мигрантите, а кај некои се нудат дополнителни курсеви за сите за јазици како кинескиот или рускиот. Понекогаш се работи само за тоа училиштето да биде место каде децата ќе најдат „свое гнездо“, место на социјална топлина. Кој може да се снајде со целата понуда, тој за себе и своето дете ќе го најде и оптималниот „понудувач“. Сите останати имаат потенцијал да не успеат.