1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Дефектни сопирачки-причина за авионската несреќа во Москва?

По авионската несреќа во Москва со најмалку четворица загинати, лекарите се борат за животот на четворица тешко повредени. Во меѓувреме трае истрагата за причините на несреќата.

Еден млад човек е успешно опериран, изјави претставник на Московската служба за итна медицинска помош, а останатите членови на екипажот на авионот се во животна опасност. Идентификувани се сите четири жртви на катастрофата на авионот Ту-24 на аеродромот Внуково во Москва.
Авионот на компанијата Ред Вингс кој на релација Пардубице од Чешка со осум лица слетуваше на аеродромот Внуково во Москва вчера (29.12.2012) се разби во неколку дела откако излета од авионската писта и ја проби оградата, која го дели аеродромот од автопат. Авионот потоа бил зафатен од пожар, а негови делови излетале на автопатот и удриле во возило во движење, но неговиот возач останал неповреден. Автопатот во правец на Киев и аеродромот привремено беа затворени.

Технички проблеми или човечка грешка?

Во меѓувреме трае истрагата за причините за несреќата.

„Земени се примероци од горивото и снимките од разговорите меѓу екипажот и контролорите на летот, а побарана е и документација на авиокомпанијата, сопственик на авионот. Видеоматеријалите од моментот на несреќата, снимени од очевидци, веќе се приложени во предметот. Веднаш штом ќе дозволи состојбата, ќе бидат испитани преживеаните во несреќата“, изјави Владимир Маркин, официјален претставник на Истражната комисија на Русија. Авиокомпанијата Ред Винг инаку му припаѓа на рускиот олигарх Александар Лебедев.

Додека првично за причина за несреќата се сметаше лошото време или грешка на пилотите, сега се‘ повеќе се споменува дефектниот систем за сопирање, како што јавува агенцијата Интерфакс, повикувајќи се на извори од истрагата. Пилотите по слетувањето направиле се‘ за да го запрат авионот, но тој од некои причини продолжил да се движи. Истражната комисија формирана по налог на премиерот Дмитри Медведев работи со полна пареа, а претседателот Владимир Путин е постојано информиран за текот на истрагата. Првично беше објавено дека во авионот имало 12 лица. Авионската компанија Ред Вингс најави на роднините на жртвите да им исплати по два милиони рубљи (околу 50 илјади евра), а на повредените по еден милион рубљи. И градот Москва најави исплата на отштета од еден милион рубљи за секоја жртва.