1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Детроит: Уметноста во спас на руинираниот автомобилски центар

Пропаста на автомобилската индустрија во САД особено го погоди Детроит, оставајќи празни голем број фабрички хали. Уметниците и другите креативци сега ги користат овие празни простори.

Илјадници улици во Детроит имаат руинирани куќи. Тие некогаш беа типични и за улицата Хајделберг. Се‘ додека пред 25 години жителите и уметниците не започнаа куќите и дворовите да ги претвораат во музеи и во уметнички работилници. Џенин Витфелд го промовира овој проект. Го нарекува „Проект Хајделберг“. Тоа е заедничко уметничко дело под ведро небо, кое во летните месеци привлекува илјадници љубители на уметноста. „ Неодамна беше направена студија која покажува дека ние со оваа туристичка атракција придонесуваме за економијата на општината Вејн со 3,7 милиони долари годишно“, вели Џенин Витфелд, промотор на „Проектот Хајделберг“.

Уметнички колектив во фабрички комплекс

Bild von Kathleen Schuster Detroit Michigan 20. Dezember 2011

Ваквите куќи се многу честа слика во Детроит

Зашто оној што ќе допатува да го види тоа, троши и пари - на пример, во хотелите и рестораните. Поранешната банкарка организира посети на куќите во кои денес работат уметници. Таа, меѓутоа, е само една од многуте кои тука во Детроит од економска нужда добиле добра идеја. Пет километри натаму на север, група уметници запоседнаа поранешен фабрички комплекс. Во индустрискиот центар Расел некогаш се монтираа автомобили. Последните работници го напуштија ова место пред пет години. Со тек на времето  во поранешните фабрички хали се сместија преку сто уметници, дизајнери или архитекти. Еден од нив е Чидо Џонсон, по потекло од Зимбабве. Тој дошол како студент во Детроит и останал. „Дојдов поради ниската кирија, што уметник може да си ја дозволи. Тука е доста пространо. Студено е, но евтино“, вели уметникот Чидо Џонсон. 42-годишниот уметник иако скромно, сепак може да живее од продажбата на своите скулптури. Приходите ги подобрува и со повремени предавања на локалните универзитет.

Прилагодување на кризните времиња

Bild von Kathleen Schuster Detroit Michigan 20. Dezember 2011

Улица во Детроит

Специфика на неговата уметност е ироничниот однос кон историјата, па и онаа на автомобилската престолнина Детроит. „Тука човек има чувство на сигурност. Има луѓе околу вас и не си целосно изолиран. Разменуваме опрема, алатки, работиме заедно.“

Чидо е пријател со многу негови соседи. Честопати ја посетува работилницата на 58-годишниот дизајнер кој изработува кујни по мерка за богатите жители на Детроит и кој сега работата мора да ја прилагодува на кризните времиња.

„Сега луѓето не трошат толку пари и двапати размислуваат дали за кујна ќе дадат 40 илјади долари“, вели Алан Кенјарц . Во меѓувреме, тој заработува пари со дизајнерски столови. За неговите модели тој неодамна освои и награда. 

DW.COM