1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Детроит - зрак светлина на крајот од тунелот

Како да се продадат автомобилите во време кога продажбата оди тешко - ова е клучното прашање на годинешниот саем на автомобили во Детроит. Тој повеќе личи на кризна средба на производителите на автомобили.

default

Новата Е-класа на „Мерцедес“ ќе биде поштедлива

„Помал, поекономичен и со повеќе од доволно влечна сила за да му обезбеди на ’Џенерал моторс’ долгорочен успех на пазарот...“

Со овие зборови шефот на „Џенерал моторс“ (ЏМ), Рик Вагонер, го претставува новиот хибриден модел на компанијата. Приказната со големите потрошувачи на гориво завршува, сега е време да се преориентираме на автомобилите на хибриден и електричен погон. Повеќе од 60 километри без ниту една капка бензин - тоа сега е изводливо, благодарение на новиот „Шевролет Волт“, еуфорично ветува шоумајсторот, во моментот кога сребреното возило се појавува на сцената.

Но, најновата револуција во автомобилската индустрија за обичниот купувач ќе се најде на пазарот дури во 2010 година. Иако веќе сега има некои од вработените во ЏМ, кои гордо велат дека веќе „преминале на струја“.

Сите зборуваат за штедење

Einführung von Hybridmotoren in Deutschland

Хибридната технолигија - иднината на автомобилската индустрија

Дали ЏМ, „Форд“ или „Крајслер“ - на саемот сите зборуваат за штедење на гориво. „Форд“ тврди дека со неговите цилиндрични мотори можат да се заштедат дури 20 проценти.

Во подрумот под саемот, меѓу дрвца и лалиња, можете да резервирате пробно возење за моделите на „Форд“. Таму не можете да сретнете многу Јапонци - тие ја користат хибридната техника веќе 15 години. Во Детроит ги претставуваат најновите хибридни модели, луксузниот хибрид од „Лексус“ и новата „Тојота Приус“. Џејна Хартлајн од „Тојота“, лидерот на пазарот, е опуштена - оваа година сме застапени на саемот исто како и лани, вели таа: „Сите се свртени кон финансиската криза, но не смееме поради неа да ги заборавиме новите производи: на пример, новата генерација на автомобилот ’Приус’ - односно третата генерација на најпродаваниот хибриден автомобил во светот“, вели Хартлајн.

И Европејците не се откажуваат од трката

12.01.2009 DW-TV JOURNAL WIRTSCHAFT MINIREPORTAGE Detroit

Никој во Детроит не се надева на лесна година

На саемот е присутен и најголемиот европски производител на автомобили, германскиот „Фолксваген“. Нивниот концепт се заснова на технологијата на еко-дизел, а на ваков погон се новите модели „Џета ТДИ“ и „Туарег“.

БМВ и понатаму е зафатен со развивање на хибридната технологија, додека „Мерцедес“ на саемот ќе понуди повеќе мерки за штедење гориво за новата Е-класа. Притоа, никој во Детроит не смета дека следнава година ќе биде лесна. Но, саемот би можел да биде зрак светлина на крајот од темниот тунел, охрабрува здружението на автомобилските производители.