1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Дете ја преживеа авионската несреќа во Триполи

При слетување на аеродромот во Триполи, во Либија, денеска се урна патнички авион. Според досега познатите информации, во авионот имало 104 патници и членови на екипажот.

default

Повеќе од сто лица денеска го загубија животот во авионската несреќа во главниот град на Либија, Триполи. Само едно дете, меѓу 104-те патници и членови на екипажот, ја

Libyen Flugzeugabsturz

преживеало несреќата, рече портпаролот на аеродромот. Меѓу загинатите во несреќата се 61 холандски државјани, потврди портпаролот на холандскиот туристички сојуз Ад Вон. Детето што ја преживеа авионската несреќа, исто така е Холанѓанин.

Авионот на државната либиска авиокомпанија „Африкија ервејс“ леташе на релација Јоханесбург -Триполи. Несреќата се случила при слетувањето на авионот од типот Ербас А 330-200, на околу 25 километри јужно од аеродромот во Триполи. Авионот бил целосно

Libyen Flugzeugabsturz

уништен од ударот. Засега се’ уште не е познато зошто пилотот ја промашил пистата. Црните кутии и рекордерот со снимките се пронајдени. Телевизиската станица Ал Арабија, повикувајќи се на воздухополовните власти во Триполи, соопшти дека кратко пред слетувањето бил констатиран технички дефект на авионот. Авиокомпанијата засега не ја потврдува ова информација. Производителот Ербас се изјасни дека ќе им пружи поддршка на воздухопловните власти при истрагата на несреќата.

Автор: АТ/'ЖА/дпа/афп

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска