1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Дете преживеа во авионската несреќа кај Коморските острови

Авион на јеменската авиокомпанија „Јемен Ер“, со 153 патници, се урна во близина на Коморските острови. Причина за несреќата, веројатно е лошото време. Во потрагата по преживеани досега е спасено петгодишно дете.

default

Авион на „Јемен Ер“

Коморските острови се наоѓаат на 2.900 километри јужно од Јемен, во Индискиот океан, меѓу јужниот брег на Африка и Мадагаскар.

Вработен во компанијата изјави дека во авионот се наоѓале 142 патници и единаесет членови на екипажот. Најголемиот дел од патниците потекнуваат од Франција или од Коморските острови. Станувало збор за граѓани на Коморските острови, кои се на престој и работа во Франција и кои од Париз, преку јеменскиот главен град Санаа, требало да пристигнат во татковината.

Потрага по преживеани

Flugzeugabsturz Komoren

Портпарол на воздухопловните власти на Коморските острови изјави дека Ербасот А310, во лоши временски услови, се обидувал да го најде аеродромот во градот Морони. Тој се урнал на неколку километри пред брегот. Досега има информации за еден преживеан, петгодишно дете.

Во потрага по преживеани се испратени глисери на воздухопловните власти. На парискиот аеродром „Шарл де Гол“, од каде тргнал авионот, е формиран кризен штаб. Ова е втора авионска несреќа на еден Ербас во рок од неколку недели. На први јуни, авион од типот А330 на „Ер Франс“’ се урна на релација Рио де Жанеиро-Париз. Во него имаше 228 патници, меѓу кои и 28 Германци. Се‘ уште не е јасно како дошло до несреќата.



Автор: ЕМФ/ЖА/афп/дпа/ројтерс

Редактор: Жана Ацеска