1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Деспоти маскирани како демократи

Многумина диктатори во светот носат плашт на демократи и така остануваат на власт, констатира организацијата Хјуман рајтс воч во својот најнов извештај. Таа документира повреди на човековите права во повеќе од 75 земји

default

Затвор во Русија

Дури и најлутите непријатели на демократијата на овој свет во меѓувреме се нарекуваат себеси демократи. Со тоа овој поим станува безначајна обвивка, изјави Кенет Рот, директор на Хјуман рајтс воч во Вашингтон. Многумина демократски инсценирани деспоти се радо примани партнери на САД и на ЕУ. Тоа е всушност скандал, гласи поразувачкиот извештај на најновиот извештај на организацијата за заштита на правата на човекот.
Во интерес на сопствената политика
Постои тенеденција меѓу западните демократии, да го прифатат дури и ѓаволот ако тоа им одговара на стратешките интереси, тврди директорот. Најдобар пример е Пакистан и неговиот владател Мушараф. Него американскиот претседател го нарекува бранител на демократијата и тоа во момент кога опозиционите политичари со ред исчезнуваат во келиите за мачење на пакистанските тајни служби. Деспотите, кои тврдат дека се борат против тероризмот и се партнери на западот, можат да се надеваат дека ниту од САД ниту од ЕУ ќе бидат подложени на енергични консеквенци, подвлекува директорот на Хјуман рајтс воч. За американската влада постои и друга причина да не ги истакнува многу гласно злоупотребите на човековите права кај т.н. партнери во борбата против тероризмот, зашто кога САД зборуваат за човекови права, луѓето помислуваат на Гвантанамо, мачењата и тајните затвори на ЦИА.
Воздржани критики
Но, и земјите како Германија се многу воздржани во критиката на моќните автократи, на пример во случајот со рускиот претседател Владимир Путин. Кон него канцеларката Ангела Меркел постапува поодлучно отколку нејзиниот претходник Герхард Шредер, но не доволно енергично. Кога автократите располагаат со големи резерви на нафта и гас или се прокламираат за противници на тероризмот, можат да сметаат на попустливост. Во малкуте земји каде има подобрување на состојбата со човековите права според Хјуман рајст воч спаѓа Турција. Кина декларативно ги прифаќа забелешките, иако градовите за Олимпијадата според организацијата за човекови права делумно се подигаат со присилна работа, а пред Олимписките игри репресиите кон критичарите на режимот станаа уште полоши.

►◄