1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Десните екстремисти во Грција во „лов“ на мигранти

Засилените десни екстремисти во Грција се обидуваат да го подбуцнат незадоволството кај народот од растечкиот број мигранти. Во Патрас дојде до масивни судири.

Најмалку осум полицајци беа ранети, а неколку автомобили беа опожарени за време на протестите на приврзаниците на крајната десница по убиството на локален жител во грчкиот град Патрас од Авганистанец.

Полицијата употреби солзавец за да ги растера разлутените демонстранти, кои одговорија со Молотови коктели и скршени шишиња.

Околу 400 жители на градот и членови на неонацистичката партија „Златна зора“ се собраа синоќа во близина на напуштена текстилна фабрика, каде живеат стотици имигранти, кои немаат дозвола за престој и сакаа да ги нападнат, уривајќи ги со багери барикадите кои ги постави полицијата во обид да ги раздели десничарите од мигрантите.

Властите соопштија дека пет лица се уапсени, а повеќе од 20 се приведени за време на антиимигрантските протести.

Полицијата во Патрас упаси еден Авганистанец и трага по уште двајца во врска со убиството, кое се случи за време на викендот. Жртвата била пронајдена со фатални повреди од студено оружје во близина на нејзиниот дом во пристанишниот град. Сведоците изјавија дека виделе тројца Авганистанци како се расправаат со мажот, по што неговото куче нападнало еден од нив.

„Златна зора“ влезе за прв пат во Парламентот на изборите на 6. мај, со освоени седум проценти од гласовите.