1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Десната рака на Хитлер ја крена Македонија на нозе

Неонацисти или провокатори се таинствените огласувачи на поменот за Рудолф Хес објавен во два дневни весника во Македонија? Почитувачите на неговото дело ги зовреа страстите и предизвикаа лавина осуди за поменот.

Главна тема на социјалните мрежи во Македонија во изминатите 24 часа е поменот за Рудолф Хес, вториот човек на нацистичка Германија, објавен во Дневник и Вест.

Почитувачите на делото на најблискиот соработник на Адолф Хитлер ја шокираа македонската јавност. Македонија нема искуство со организирани неонацистички движења. Полицијата не располага со информации за организирано застапување на неонацистичката идеологија. Регистрирани се само поединци кои биле санкционирани, објаснуваат во МВР.

Весниците се извинија за инцидентот

Фирмата МПМ, издавач на весниците им се извини на читателите за инцидентот. Во соопштението се вели дека станува збор за ненамерен пропуст и дека огласниот простор во двата весника, во овој случај, бил грубо злоупотребен. Случајот го пријавиле во полиција и се спроведува внатрешна истрага во фирмата.

Остри реакции на Еврејската заедница и невладините

Rudolf Heß

Рудолф Хес

Остро реагираше Еврејската заедница во Македонија. „Би сакале да ги запрашаме неговите почитувачи: Дали знаат што е нацизам? Дали ја знаат идеологијата што нацизмот ја застапува ? Дали ја знаат бројката на жртвите на нацизмот? Дали знаат што значи конечно решение и холокауст? Дали можат да дадат одговор на прашањето која е вината на милионите деца, меѓу нив и на новороденчиња на кои во гасните комори им беше окончан штотуку започнатиот живот? Се надеваме дека почитувачите на Рудолф Хес ќе се одважат и ќе одговорат на поставените прашања. Воедно би го поставиле и прашањето, дали не е време да се донесе закон за забрана ширење на антисемитизам и негирање на холокаустот, прашуваат од Еврејската заедница во Македонија. Бројни се реакциите и на граѓанските здруженија и невладини организации. Џабир Дерала од “Цивил“ за Дојче Веле изјави:
„По првиот шок и гнасење заклучив дека вакво нешто и не е неочекувано и изненадувачки. Во македонското општество денес, најмрачните идеологии од човечката историја не се инцидент, туку прераснуваат во широко прифатени вредности. Стрмоглавувањето на демократијата и систематското кршење на човековите права и слободи во земјава, ги охрабрува токму најболните во општеството да почитуваат и промовираат грозоморни идеи, ликови и идеологии“, вели Дерала од невладината организација „Цивил“. Според него мошне загрижувачки е тоа што овој чин на отворено застапување на фашизам во јавноста не предизвика итна реакција и бескомпромисна осуда од сите носители на функции во институциите на државата. Дерала бара Кривичниот закон да се прошири за уште еден член со кој ќе се санкционира антисемитизмот и фашизмот, како што е тоа случај и со најголем дел од цивилизираниот свет.