1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Десет милиони долари за главата на терорист

САД понудија награда од десет милиони долари за информација во врска со осомничениот организатор на терористичките напади во индискиот град Мумбаи со над 160 жртви.

Парите ќе бидат исплатени на доставувачите на инфорамции кои ќе водат до фаќање на соосновачот на терористичката група Лашкаре-е-Таиба, Пакистанецот Хафиз Мухамед Саед. Индија групата ја сомничи за напдите во Мумбаи во ноември 2008-ма година.

Саед по овие терористички напади беше ставен во куќен притвор во Пакистан, но во 2009-та беше ослободен. Една година подоцна Врховниот суд во Исламабад одлучи дека нема доволно докази за апсење. Оттогаш 61-годишниот живееше во Пакистан.

Саед е еден од основачите на Лашкаре-е-Таиба, од која според сопствени наводи подоцна се одделил. Во меѓувреме тој ја раководи забранетата исламистичка хуманитарна организација Џамаат-уд-Дава, блиска до Лашкаре-е-Таиба. Таа е една од најголемите пакистански организации која стана позната пред се‘ по пружањето помош по катастрофалниот земјотрес во Кашмир во 2005-та година. САД двете организации ги рангира како терористички.

Anschläge in Mumbai (November 2008)

Нападите во Мумбаи во 2008-ма однесоа над 160 жртви

Во ноември 2008-ма година десетмина терористи го нападнаа градскиот центар во Мумбаи. Тие три дена држеа заложници и запоседнаа луксузни хотели и други згради. Меѓу 166-те жртви имаше 26 странци. Девет од напаѓачите загинаа, а за единствениот преживеан во тек е судски процес во Индија.

Наградата од десет милиони долари е втора по висина сума која САД досега ја понудиле. Повеќе Вашингтон беше подготвен да плати само за шефот на Ал Каеда, Аиман ал-Завахири, 25 милиони долари.

Индија го поздрави распишувањето награда за фаќање на Саед. Њу Делхи и Вашингтон се „согласни дека мора да бидат елиминирани Лашкаре-е-Таиба како и сите терористички  групи кои имаат свои скривалишта во Пакистан и Авганистан“, сооппшти индиското министерство за надворешни работи.