1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Десет илјади загинати во налетот на супер-тајфунот на Филипините?

Сѐ уште станува збор само за проценки на бројот на загинатите, но димензиите на катастрофата што тајфунот „Хаијан“ ја предизвика на Филипините се несомнено гигантски.

Во налетот на супер-тајфунот „Хаијан“ во филипинската провинција Лејте, според наводи на полицијата, загинале најмалку 10 илјади луѓе. На неговиот пат преку компното, тајфунот зад себе остави целосен хаос, изјави шефот на полицијата во Лејте, Елмер Сориа. Гувернерот на Лејте за време на средбата со експерти претходната вечер говореше за најмалку 10 илјади загинати, изјави Сориа.

Во меѓувреме претседателот на Филипините Бенињо Акино пристигна во посета на кризниот регион. Тој порача дека сега под итно треба да се обнови разурнатата инфраструктура. Властите во Манила досега говореа за само околу 150 загинати, додека пак Црвениот крст на Филипините процени дека досега во налетот на „Хаијан“ загинале најмалку 1200 лица.

Како цунами-катастрофа

Едно меѓутоа е сигурно, станува збор за еден од досега најсилните тајфуни кои го погодиле регионот. Тајфунот проследен со ветришта до брзина од преку 300 километри на час помина преку островската држава во југоисточна Азија.

Погодени од разурнувачката бура беа четири милиони луѓе пред сѐ на источно-филипинските острови Лејте и Самар. Истотака е јасно дека разурнувањата кои ги предизвика тајфунот се гигантски. Така во погодените крајбрежни региони цели села се едноставно се срамнети со земја, слично како при цунами катастрофа, а многу населби и натаму се целосно изолирани од надворешниот свет.

„Хаијан“ во меѓувреме се движи кон Виетнам, но според извештаите од регионот во меѓувреме загубил дел од разурнувачката моќ. Повеќе од 600.000 луѓе досега се евакуирани во Виетнам, соопшти виетнамското контролно одделение за помош при поплави и бури.

Се очекува тајфунот да го погоди Виетнам в понеделник наутро по промената на насоката што предизвика масовна евакуација во северната покраина Нгхе Ан, која е на околу 230 километри оддалеченост од главниот град Ханој.