1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Десет загинати во судирите меѓу Израел и Палестинците

Во новото насилство што изби меѓу Израел и Палестинците загинаа најмалку девет Палестинци и еден Израелец. ОН ги повика двете страни на воздржаност.

default

Нови судири на Блискиот Исток

Девет борци на радикалната палестинска група Исламски џихад загинале во израелските воздушни напади врз Појасот Газа. Нападите според израелски наводи биле насочени против лица кои имале намера да испукаат ракети од Појасот Газа кон територијата на Израел. Претходно во израелскиот град Ашкелон од експлозија на една таква ракета загина еден цивили. Јужниот дел на Израел го подгодиле повеќе од 20 проектили испукани од страна на палестинските милитанти. Израелското Воено воздухопловство соопшти дека загинатите во нападот се дел од групата одговорна на ракетниот напад врз израелскиот град Ашдод во четвртокот.

Gazastreifen Israel Luftangriff Verwundete Palästinenser

Повеќемина жртви во нападите

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанхају изјави дека реакцијата на армијата доколку е потребно ќе биде уште пожестока.

Од извори во исламистичкото палестинско движење Хамас кое раководи со Појасот Газа и од Исламски џихад денеска се дознава дека оружјето од денеска повторно ќе мирува. Претставник на Исламски џихад за светските агенции прецизираше дека двете страни се договорија со посредство на Египет времено да ги прекинат заемните ракетни напади

Прекинот на огнот стапил во сила од 6.00 часот по локално време.

Портпарол на специјалниот координатор на ОН за Блискиот Исток Роберт Сери ги повика двете страни да се воздржат од насилство и провокации.

Автор: СН/ АТ/ дпа/ афп/ ртре/ миа

Редактор: Александра Трајковска