1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Десет жртви во Јапонија од тајфунот „Роке“

Со брзина од 200 километри на час и огромни дождови тајфунот „Роке“ мина низ главниот остров на Јапонија - Хоншу. Во невремето животот го загубија најмалку десет луѓе, има стотици повредени.

default

Големи поплави во градот Нагоја

Тајфунот, предизвика поплави и одрони на земјиште, но според досегашните сознанија, досега не предизвикал нови штети на хаварисаната атомска централа „Фукушима“. Фирмата која управува со централата, „Тепко“, соопшти дека ги презела „сите можни мерки“ за да спречи евентуална радиоактивност поради тајфунот и за да не навлезе дожд во уништените реактори. Илјадници куќи и улици се под вода, има откорнати стебла, сообраќајот беше делумно запрен, а илјадници луѓе побегнаа пред водените маси. Во Токио, поради тоа што не сообраќаше железницата, илјадници луѓе не можеа да се вратат дома. Тајфунот, кој е 15. по ред оваа сезона, замина во насока на север, на островот Хокаидо.

Автор: ЕМФ/ГЧ/дв/дпа/афп

Редактор: Борис Георгиевски