1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Десет години од лудилото на хазардерскиот пазар

Во март 2000-та барометарот на курсот на т.н. „Нов пазар“ на берзата во Франкфурт за кратко време ја пречекори магичната граница од 10 илјади поени, за да доживее подраматичен пад, отколку што беше вртоглавиот пораст.

default

Новата, иако краткотрајна ера на берзата за хартии од вредност во Франкфурт, започна во март 1997, кога беше востановен „Новиот пазар“ по углед на американската берза за технологија Насдак. Нотирани беа пред се’ млади, иновативни претпријатија од таканаречената „нова економија“. Старите, традиционални акционерски друштва одеднаш веќе не беа атрактивни. Фидел Хелмер, кој веќе 40 години тргува со хартии од вредност на Франкфуртската берза, добро се сеќава на курсните турбуленции пред десет години: „Тоа беше бурно време на Новиот пазар, кога се појавија како нови вредности Бертрант и Мобилком. Иако спаѓаа меѓу подобрите, брокерите веќе велеа дека беше отворен хазардерски пазар“.

Корнење коси

Новиот пазар се најде на лош глас пред се’ поради скоковите на курсот од кои запира здивот. Се’ повеќе вложувачи се туркаа на берзата поведени од претставата за високи добивки за кратко време. За да ги задоволат

Deutschland Finanzkrise Börse in Frankfurt Aktienmarkt mit kräftigen Gewinnen

Приватните вложувачи купуваа нови хартии од вредност не знаејќи воопшто што купуваат

нивните потреби од нови акции, банките се’ побрзо уфрлаа нови фирми на берзата, поточно на Новиот пазар, без поголема нивна проверка. Речиси секојдневно се славеше некоја премиера на берзата. Притоа не играше улога квалитетот, туку квантитетот - на берзата беа нотирани фирми...„Кои всушност немаа речиси никаква вредност“, оценува Валтер Лудвиг, берзански професионалец. Тогаш коси си корнел, кога дознал...„Дека некоја компјутерска фирма, која се состои од само две работни маси и поседува можеби уште три компјутери, достигна пазарна повисока вредност отколку, на пример, Луфтханза заедно со сите нејзини авиони.“

Наивност и алчност

Барометарот на курсот на Немакс 50, кој во тоа време ги опфаќал 50-те најважни акции на Новиот пазар, на 10

Lächeln an der Börse in Frankurt

Во времето на Новиот пазар секојдневно се славеше некоја премиера на берзата

март 2000 привремено ја пречекори границата од 10 000 поени, за кратко потоа да доживее слом и по двеипол години да спадне на само 318 поени! Причините за такви скокови на курсот Фидел Хелмер ги гледа во наивноста и алчноста на приватните вложувачи.

„Тие купуваа нови хартии од вредност, не знаејќи воопшто што купуваат.“

Оние како Фидел Хелмер, кои опоменуваа и предупредуваа не беа сфаќани сериозно, се сеќава тој: „Кога во таква ситуација некој клиент ќе го одвраќаш од купување, а цената потоа преку ноќ скокне за 10 или 15 проценти, тогаш нормално си во неповолна позиција за да советуваш клиенти“.

Тргувањето со акции на Новиот пазар одамна е запрено, тој одамна е укинат.

Автор: Петер Кохански / Зоран Јордановски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска