1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Десет години Гвантанамо - затворање не е на повидок

На 11 јануари 2002, како реакција на „борбата против теророт“ на САД, беа донесени првите затвореници во Гвантанамо. Претседателот Барак Обама вети дека ќе го затвори Гвантанамо за една година. Затворот се’уште работи.

default

Затворот Гвантанамо на Куба работи десет години

Гвнатанамо беше ад-хок решение, вели Џејмс Карафано. Експертот за одбранбена и безбедносна политика во фондацијата „Херитиџ“ појаснува дека според негови гледишта немало посоодветно решение со оглед на тогашните околности. Одлучувачкото прашање: Како да се постапува со затворениците, кои потекнуваат од војна во која нема друга држава како противник, што значи не важат правилата за воени затвореници? Цивилен процес каков што заговараат критичарите на Гвантанамо, не доаѓал предвид. „Ниту една земја во светот никогаш не била на став дека за воените злосторства сторени на место каде се води војна треба да се води иста истрага и казнено да се гонат како во цивилни околности.“

Kuba USA Gefängnis in Guantanamo Marinestützpunkt Gefangener

Клуч на затворот Гвантамо не е на повидок

Затоа владата под претседателот Џорџ Буш донесе одлука, затворениците да ги однесе на Гвантанамо. Таму, беше ставот, не подлежат на американското право и би можеле да бидат држени затворени и сослушувани. Врховниот суд на САД во меѓувреме одлучи поинаку: Затворениците, се вели во пресудата, и тоа како би можеле да се повикаат на правата според американскиот устав.

Затвроениците да се изведат пред суд, бара Хјуман Рајтс Воч

Критичарите укажуваат и на можноста да се отвори затвор за воени затвореници во Авганистан или воени затвореници да се префрлат во САД. Андреа Прасов од организацијата за човекови права Хјуман Рајтс Воч појаснува - и порано и денес случајот е јасен: „Затворениците кои сториле злосторства можат кривично да бидат гонети. Ако ги прекршиле американските закони, би можеле да бидат тужени пред американски суд. Оној кој го прекршил авганистанскотo право, може да му да биде обвинет, и ако нема доволно докази, би требало да бидат ослободени.“

Цивилните судови, аргументираат тие, секако се во состојба да се справат со терористи, тоа го покажале стотици осуди. „Реалноста изгледа така што, американските цивилни судови не пресудуваат благо против обвинетите, особено не за оние кои се обвинети за тероризам. Овие луѓе добиваат долги затворски казни и ги отслужуваат во затвори во кои владее висок степен за безбедност, каде постои малку контакт со надворешниот свет“, подвлекува  Прасов.

Kuba USA Gefängnis in Guantanamo Marinestützpunkt

Противнциите на Гвантанамо бараат затворениците да бидат изведени пред суд

Исто така и Џејмс Карафано признава дека условите за притворените во првите години не биле прифатливи. Наместо да бара алтернативи, американската влада се обидела да го перфекционира системот Гвантанамо, значи да ги подобри затворските услови. „Проблемот за САД беше што политиката се разви во комплетно друг правец. Гвантанамо стана пример за се’, (негативно во контекст на војната против теророт), на пример за вотербординг, иако овој метод од никогаш не се применувал во Гвантанамо.“

Владата на САД е одлучна да го затвори Гвантанамо

Кога американскиот претседател Барак Обама стапи на должност, се изјасни дека има намера да го затвори Гвантанамо во рок од една година. Но, тоа се покажа тешко. Во изминатиов период речи 800 луѓе беа затворени во Гванатанмо. Од 171 затвореник, кои се’уште се таму, 89 имале дозвола да бидат отпуштени, појаснува Андреа Прасов. Повеќето потекнуваат од Јемен, но за оваа држава е запрена екстрадицијата, поради внатрешната нестабилност и големиот број терористи во земјата. 46 затвореници пак, треба да бидат држени во затвор на неодредено време, без обвинение.

Kuba USA Gefängnis in Guantanamo

Гванатамо ќе опстои и наредните четири години, велат експертите

На последниот ден од мината година претседателот Обама потпиша закон, во кој Конгресот дава дозвола за нивно неограничено чување в затвор. Претходно, Конгресот даде зелено светло за закон, со кој практично се оневозможува транспорт во САД на овие затвореници. Ова ја отежнува аргументацијата пред трети држави да прифатат затвореници од Гвантанамо. Затворањето на Гвантамо по овие закони станува речиси невозможно.

Сепак, Министерството за надворешни работи на почетокот на неделава со став дека владата на САД и натаму е одлучна да го затвори затворот. Откако Обама е на функцијата трансферирани се 67 затвореници, четворица се осудени од воен или цивилен суд. Претседателот Обама наложи редовно да се проверуваат условите под кои се држат затворени одредени затвореници за да се утврди дека долгиот затвор е „оправдан“.

Но, целосно затворање на Гвантанамо во скоро време е неверојатно, сметаат експерите. „За четири години, се‘ едно кој ќе биде идниот претседател, затвореничкиот логор Гванатамо се’уште ќе постои, и таму се’уште ќе се држат затворени заробеници од војната против теророт“,  смета Џејмс Карафано од фондацијата „Херитиџ“.

Автор: Кристина Бергман/ Александра Трајковска

Редактор: Борис Георгиевски

DW.COM