1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Десетта ноќ немири во Франција

„Франција не го заслужува ова“, се зборовите на таткото на едно од двете несреќно загинати момчиња, чија смрт бeше поводот за почетокот на немирите.

default

Иако француската дипломатија не се согласува со тоа што го пишуваат странскиот печат за немирите и за советите од неколку земји до нивните државјани да ги избегнат париските предградија, Франција навистина гори.

Последната, десетта ноќ откако започнаа немирите, беше најжестока. Низ цела Франција синоќа беа заплени над 1300 автомобили, молотови коктели беа фрлени врз повеќе училишта, продавници и јавни згради, полицијата уапсила околу 300 лица. Од периферијата на Париз, пожарот се прошири во скори сите француски градови, Марсејм Руан, Лил, Стразбур, Ница…, па и во самото срце на француската престолнина.

Постарите жители на предградијата се немоќни во смирувањето на младите, кои од пред неколку дена ја сменија тактиката и избегнуваат директни судири со полицијата.

- Што можеме да направиме, политичарите треба да се приближат кон луѓето, да ги сослушаат. Насилството кое ние го живееме секојдневно во предградијата е невидливо, вели Стефан.

Жртвите на насилството се безнадежни и веќе размислуваат екстремно:

-Потребно е да се испратата армиските трупи, нема други решенија!

Клод Бартолон, градоначалникот и пратеник од Пре Сан Жерве во Сен-Сан Дени и поранешен социјалистички министер за градовите, ги повика родителите да не ги пуштаат малолетниците да излегуваат надвор.

- Родителите мораат да си ја одиграат улогата за најмладите кои навечер се на улица, затоа ги поцикувам родителите да ги чуваат нивните деца дома.

Претседателот на францускиот совет на исламската вероисповест, Дали Бубакер, посака да слушне зборови на помирување.

- Во тешки ситуации, како сегашнава секој збор е важен, затоа очекувам од сите власти, од Никола Саркози и од премиерот да донесат зборови на мирот.

Конференцијата на француските католички епископи исто така повика на смирување со оцена дека „репресијата и предизвикувањето на колективен страв кој ги храни актуелните настани не се на висината на драматичните момемти кои ги поминува француското општетство“. Скриени критики кон министерот за внатрешни работи Никола Саркози, кој во трибината објавена во париски „Ле Монде“ е убеден дека неговата стратегија е добра. Зачудува молкот на францускиот претседател Жак Ширак.