1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Десетици нови жртви во Сирија

Само во текот на вчерашниот ден, режимската армија убила најмалку 40-ина цивили, тврдат опозиционери

default

Најмалку 40 цивили, меѓу кои и седум деца, се убиени во судири со сириските сили за безбедност вчера во Дамаск и Хомс, соопшти денеска сириската Организација за мониторинг на почитувањето на човековите права, со седиште во Лондон.

Во соопштението на Организацијата се наведува дека 12 лица, вклучувајќи и две деца меѓу десет и 12 години се убиени во Хомс, а едно 14-годишно момче е убиено во селото Акраб во областа Хомс, каде опозицијата го обвинува режимот на претседателот Башар ал Асад за планирање на масакр.

Според проценките на Обединетите нации најмалку четири илјади цивили се убиени во Сирија изминатите девет месеци.

Асад пред три дена во интервју за американската телевизиска мрежа Еј-Би-Си негираше дека издавал наредби за убиство на демонстрантите, нагласувајќи оти тоа би можело да го стори само лудак.

Автор: БГ/макфакс

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска