1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Десетици загинати во поплавите во Русија

Во најголемата природна катастрофа во рускиот Црноморски регион загинаа околу 100 луѓе. Меѓу загинатите има голем број стари луѓе и најмалку едно дете.

Тешкото невреме ги изненади луѓето во јужна Русија. Во бурата и поплавите по неа, според досега расположливите податоци, загинале десетици луѓе. Најмногу загинати има во општина Кримск, на околу 1.200 километри јужно од Москва. Најголемиот дел од загинатите се удавиле. Петмина од загинатите го загубиле животот поради струен удар, во моментот кога гром удрил во трансформатор.

Комисија на експерти процени дека материјалните штети во омилениот регион за летување Краснодар изнесува околу 250 милиони евра. Од 24-часовниот дожд, кој падна во количества кои инаку паѓаат за еден месец, се поплавени речиси илјада куќи, а околу 22.000 луѓе се без струја. Како што се вели, железничките линии и улиците се поплавени и прекриени со кал, такашто се непроодни. Армијата стави на располагање специјални камиони и кранови. Освен тоа, раководството во Кремљ испрати и транспортен авион со спасувачи, како и два хеликоптери.

Поплавите изненадија голем број луѓе на спиење, соопшти портпарол на службата за цивилна заштита. Полицијата го засили присуството во регионот за да спречи кражби.