1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Десетици загинати во новиот бран насилство во Ирак

Трагичниот биланс на загинатите во вчерашното насилство се зголеми на повеќе од 70 лица, а повеќе од 21 беа повредени во серијата напади во неколку градови ширум Ирак.

Единаесет лица загинаа, а 41 е рането во синоќешниот (16.08.2012) бомбашки напад во Ирак, кога автомобил-бомба експлодира во близина на слаткарница во Багдад, во предградието Садр Сити.

Со овој напад трагичниот биланс на загинатите во вчерашното насилство се зголеми на 56 лица, а повеќе од 21 беа повредени во серијата напади ширум Ирак, соопштија извори од болницата и службата за безбедност.

Најсмртоносни беа нападите во и околу Багдад, каде 18 лица се убиени во неколку бомбашки напади.

Напади имаше и во Тал Афар, Киркук, Дакук, Дибиса, Кута, Ал Гарма, Ал Баџа, Туз Курмата, Мосул, Таџи, Калес и Бакуба.

Ова е најсмртоносен ден во Ирак од 23 јули, кога се убиени 113 лица.

Насилството во Ирак ескалираше овој месец и досега се убиени 164 лица, од кои 76 припадници на службите за безбедност.

Од повлекувањето на американските борбени трупи кон крајот на минатата година, бунтовниците во Ирак извршуваат најмалку по еден напад месечно. За најголем дел од нападите одговорноста ја имаат радикалните сунити и Ал Каеда, кои преку нападите врз шиитите сакаат наново да го разгорат конфликтот меѓу верските групи во земјата.