1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Десетици загинати во напад врз суд во Авганистан

Во напад на радикално-исламистичките талибанци врз суд во западен Авганистан, денеска загинаа најмалку 53 лица, а има и десетици повредени.

Според информации на авганистанските власти, меѓу загинатите во нападот се и деветтемина напаѓачи. Претходно, министерството за внатрешни работи во Кабул соопшти дека загинале шестмина војници и четворица полицајци, а останатите загинати се цивили.

Според наводи на официјални лица, за време на судскиот процес против неколкумина бунтовници, петмина екстремисти ја нападнале судската зграда во провинцијата Фарах, регион кој е во близина на Иран. Притоа, најмалку еден од

напаѓачите се кренал самиот во воздух. Агенциите пренесуваат и дека се случила уште една експлозија на автомобил бомба, како и дека имало престрелка на другите напаѓачи со безбедносните сили. Покрај судот, нападнати биле и обвинителството и една приватна банка.

Талибанците веќе презедоа одговорност за нападот. Во соопштение на нивната интернет страница тие тврдат дека нападот е реакција на информацијата оти на талибанските борци кои требало да бидат изведени пред суд им претстои „ужасен“ судски процес.