1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Десетици загинати во експлозии во Багдад

Во експлозии на десет автомобили-бомби во Багдад се убиени неколку десетици луѓе. Експлозиите се случија на различни локации во шиитски населби и го зголемија бројот на жртвите во рекордни размери во последните години.

Десет автомобили бомби експлодираа денеска во ирачката престолнина Багдад и го однесоа животот на најмалку 39 лица, како што се дознава од извори на безбедносните сили и медицински лица.

Девет од експлозиите се случија во квартови населени главно со шиити. Најкрвави беа нападите во квартовите Нахраван, во јужниот дел на престолнината, и Шааб, во северниот дел на престолнината, каде се активираа по две возила и во кои животот го загубија најмалку седум, односно шест лица.

Едно возило експлодира во јужниот кварт Абу Дсир и во него загинаа најмалку шест лица. По еден автомобил бомба бил активиран во квартовите Маштал, Аладија и Ур во источниот дел на Багдад и во северните квартови Хуријат и Саб ал Бор. Десетици лица се ранети во нападите.

Автомобилите биле паркирани, пред да дојде до експлозиите. Тие биле во близина на трговски зони и на паркинзи. Експлозиите се случиле во интервал од половина час.

Засега никој не ја презел одговорноста за нападите, но во минатото за ваквите напади одговорноста ја преземаше ирачката ќелија на Ал Каеда.

Насилството во Ирак беснее веќе неколку месеци и од почетокот на октомври во земјата загинаа над 600 лица, а од почетокот на годината вкупно 5.000 лица.