1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Десетици жртви во човечкото стампедо во Индија

Најмалку 140 загинати е црниот биланс од масовното човечко стампедо за време на една молитва во индиската држава Прадеш. Меѓу настраданите индуски аџии голем број се деца.

default

Масовната паника ги зафати аџиите

Илјадници Индуси беа на пат кон Храмот Наина Деви, кој се наоѓа на една планина, на повеќе од 300 километри северно од главниот град Њу Делхи. Големата паника и стампедо настана откако масата аџии кои се качуваа и симнуваа започна панично да се движи, откако се урнаа едни од скалите кои водат кон објектот.

-Скалите попуштија под притисокот на луѓето. Тие во паника се обидуваа да побегнат на безбедно. Мнгумина тогаш беа прегазени. Неколку минути подоцна патот кој води до храмот беше полн трупови, зборуваат очевидци на настанот.

Загинаа најмногу жени и деца

Полицијата соопшти дека најголем дел од жртвите се жени и деца. Информациите од час на час се менуваа. Во меѓувреме полицијата, управата на храмот и властите на провинцијата, соопштија дека брјката настрадани е околу 140.

Спасувачките тимови ги извлекуваа настраданите со помош на жичарница. Бројката на присутни аџии беше голема, со оглед на верскиот празник и денот недела кој е неработен. Најголем дел од присутните беа од сојузните држави Химахал Прадеш и Панџаб.

Властите во Хималах Прадеш им ветија на семејствата на настраданите помош од околу 1500 евра. Во Индија често се случуваат вакви инциденти, посебно во близина на храмовите, каде има масовни турканици.