1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Десетици жртви во борбите во Дамаск

При експлозија на бомби во сирискиот главен град Дамаск се убиени десетици луѓе. Бунтовниците и владините трупи се борат во повеќе делови на градот за да стекнат превласт.

Нападите се случија во населбата Џарамана претежно населена со христијани и друзи. Според податоци на активистите и противници на владата четири екслозивни направи биле активирани една по друга. Две од нив биле скриени во автомобили. Според Сириската опсерваторија за човкови права биле убиени 54 лица, а повеќемина биле поврдени. Mинистерството за внатрешни работи пак информираше дека загинале 34 лица, а 83 биле повредени. Државната новинска агенција Сана ги нарече делата „терористички бомбашки напади“.

Во Џарамана живеат многумина приврзаници на претседателот Башар ел Асад. Христијаните и друзите таму формираа милиции, за да ја бранат својата населба, откако на почетокот на граѓанската војна се обидоа да се држат настрана од судирите. Состојбата во оваа населба меѓутоа во последнтие месеци се влоши, откако таму експлодираа повеќе бомби.

Воени успеси на бунтовниците

Syrien Aleppo Kämpfe

Борби во Алепо

Вчера бунтовниците објавија дека првпат успеале да соборат армиски хиликоптер со земја-воздух ракета. Како што соопшти Сириската опсерваторија за човeкови права, хeликоптерот бил погоден кога бомбардирал позиции во близина на воениот пункт Шеих Сулејман во близина на Алепо.

Бунтовниците во Сирија изминатите недели повеќепати освоија важни воени пунктови. Притоа заплениле и воени предмети, меѓу нив и повеќе земја-воздух ракети. Сириското воздухоловство оттогаш засилено ги напаѓа позцииите на противниците на режимот.

Комитетот за човекови права на ОН го осуди режимот на Асад

Турската влада и сириската опозиција со месеци бараат воведување на зона за забрана на летови во Сирија, за да се прекине воздушната надмоќ на владините трупи, берем во некои региони на земјата. Во изминатата недела Турција официјално побара од НАТО стационирање на ракетите за одбрана „Патриот“.

Комитетот за човекови права на ОН со големо мнозинство го осуди „тешкото и систематско“ кршење на човековите права од старна на сириските безбедносни сили и Шабија милициите кои се под капата на владата. За резолуцијата гласаа 132 членови, против беа 12, а 35 беа воздржани. Со „не“ меѓу другите гласаа Русија, Кина и Иран. Не обврзувачката резолуција треба да биде доставена до Генералното собрание во декември. Речиси е сигурно дека ќе биде изгласана.