1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Десетина приведени по протестите во Скопје

Стотици млади луѓе, извикувајќи националистички и анти-албански пароли, протестираа поради петкратното убиство. Полесно повредени неколкумина полицајци.

Десетина лица се приведени од полицијата по синоќешните протести во Скопје поради петкратното убиство што се случи во четвртокот.

Околу една илјада, претежно млади луѓе, се собраа попладнето на протести пред Владата, а потоа се упатија и пред Собранието. Во повеќе наврати со камења и тврди предмети тие ги нападнаа полицајците, а предизвикаа и материјална штета на околните објекти. Протестот стана насилен кога толпата почна да фрла со камења кон зградата на Владата, а потоа учесниците во протестот сакаа да тргнат кон Бит пазар, но беа спречени од полицијата.

Протестантите воглавно извикуваа анти-албански и националистички пароли. Двајца полицајци се полесно повредени, додека тројца граѓани пријавиле дека без причина биле нападнати од толпата.

Полицијата информираше дека се приведени десетина учесници во протестот од кои половина се малолетни. Протестот не бил најавен а учесниците се организирале преку социјалните мрежи. На протестот можеа да се забележат обележја на некои навивачки групи, но навивачките групи официјално се оградија од протестот.