1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Депардје си го подигна пасошот лично кај Путин

Прочуениот француски актер Жерар Депардје својот нов руски пасош го примил лично од претседателот Владимир Путин. Депардје е револтиран од планираниот данок за богатите во Франција.

Портпарол на Кремљ соопшти дека средбата на која францускиот актер Жерар Депардје си го подигнал рускиот пасош се одржала во резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во Сочи, на Црното Море.

Претходно, Путин со итен декрет му додели руско државјанство на Депардје, кој во знак на протест против планираниот огромен данок за богатите во Франција , најави дека ќе се откаже од француското државјанство.

Депардје неодамна демонстративно се пресели во Белгија, јасно изјавувајќи дека нема намера да го плаќа данокот предвиден од левоориентираната влада во Франција. Неговите планови предизвикаа бурна јавна расправа во земјата.

Gerard Depardieu

Жерар Депардје

Меѓутоа, непосредно пред новиот закон да стапи во сила на 1 јануари 2013, Уставниот совет на Франција го блокираше со пресуда дека ваквото правило се заснова на погрешна основа. Владата веднаш потоа најави подобрување на законот.

Инаку, спорниот закон предвидува граѓаните кои заработуваат повеќе од еден милион евра годишно требаше да се оданочуваат со 75 проценти. Од него би биле погодени околу 1500 Французи, кои ќе треба да плаќаат во просек по 150.000 евра годишно повеќе отколку досега. Со ваквата стапка на оданочување во буџетот годишно требаше да се влеат околу 210 милиони евра повеќе.