1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Ден по насилно растурените демонстрации во Минск

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнамјер остро ја осуди примената на сила на белоруската полиција против демонстрантите во центарот на Минск.

Ни трага, ни глас од опозиционерот Александер Косулин

Ни трага, ни глас од опозиционерот Александер Косулин

„Основните права на изразување на мислењето и на јавно собирање мора да важат и во Белорусија„ – порача Штајнмајер во Берлин, барајќи ослободување на уапсениот опозиционер Александер Косулин и стотините други политичари и активисти на опозицијата, кои вчера беа уапсени.

Според информациите од кругови на опозицијата во Белорусија полицијата одвезла поголем број демонстранти со автобуси во внатрешноста бидејќи истражните затвори во главниот град се преполени. Нивните најблиски за сега немаат никакви информации за тоа каде се наоѓаат уапсените лица, а сопругата на опозиционерот Александер Косулин изјави дека не го нашла сопругот во ниту еден од истражните затвори во Минск. Тој вчера предводеше околу 3.000 демонстранти во маршот кон затворот Окрестина, каде веќе се наоѓаат околу 380 приврзаници на опозицијата уапсени претходните денови. Специјалните сили на белоруската полиција им го поречија патот и на провокацијата одговорија со солзавец и палки:

Главниот против кандидат на Претседателот Лукашенко на изборите, Александер Милинкевич, ја осуди акцијата на Косулин, нагласувајќи дека било јасно оти државниот апарат маршот кон затворот ќе го доживее како отворена провокација и ќе примени сила.

Милинкевич претходно на мирните демонстрации во еден парк во близината на главниот плоштад на Минск пак пред околу 10.000 приврзаници извика:

„Те поздравувам слободна Белорусијо!„

Тој пред насобраните го означи формирањето на Народното движење за ослободување на Белорусија, а од полициските сили побара да се воздржат од примена на сила при демонстрациите:

„Се надева, дека тоа нема да го сторат, дека меѓу нив има и разумни луѓе. Всушност тие се обидуваат да покажат колку се силни, но насилството е знак на слабост. Тоа докажува дека се на крај на силите.„

Демонстрантите на негов повик првобитно сакаа мирно да демонстрираат на главниот плоштад против недемократските избори на кои беше резибран досегашниот претседател Александер Лукашенко. Тој пак во меѓувреме во интервју за една руската ТВ станица ги пофали блиските односи на неговата земја со Русија. На целиот свет нема други две земји, кои се толку тесно поврзани како Русија и Белорусија. „Ние живееме практично во една држава. Доколку во Русија би имало некаков проблем, Белорусија ќе стори се‘ за да помогне„ – нагласи Лукашенко. Осврнувајќи се пак на изборниот резултат тој оцени дека со неговиот резибор пропаднале експанзионистичките планови на ЕУ. Лукашенко посочи дека про-западната опозиција во Белорусија се обидува да ја дестабилизира неговата влада и на тој начин да ја отргне земјата од руската сфера на влијание.