1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Ден на човековите права

“Сите луѓе се раѓаат слободни и еднакви во достоинството и правата. Тие се надарени со разум и свест и меѓу себе треба да се однесуваат во духот на братство“. Овие свети зборови се дел од заедничката декларација за човековите права усвона од Обединетите нации на денешен ден во 1948 година.

Значењето на оваа Декларација и натаму е недопрено и затоа е во целосна важност зашто милиони луѓе до денес не ги уживаат нејзините пораки.

“Повеќе од кога и да е оваа декларација, веројатно единствена со таква универзална форма, ги опфаќа фундаменталните доблести на човештвото. Просторот освоен со неа мора се штити со сите инструменти и институции што ни стојат на располагање“, изјави по повод овој ден високиот комесар на Обединетите нации за човекови права, Луиз Арбур.

Многу нешта што порано беа незамисливи се постигнати, тврди таа, меѓутоа визиите и ветувањата на Декларацијата се под голем притисок. Најмалку два развоја го покажуваат тоа. Едната е битката против тероризмот. Нејзиното барање е прифатените меѓународни правила да не смеат да бидат ставени на коцка:

“Токму поради тоа мораме да се погрижиме во целиот свет да пронајдеме соодветен баланс меѓу интересите на безбедноста и интересите за слобода. Ми се чини дека премногу лесно ги жртвуваме интересите на слободата во полза на интересите на безбедноста“.

Второто подрачје, вели таа, е заканата за човековите права онаму каде што има оружени конфликти меѓу државите или внатре во нив. Сосема јасно се гледа колку ранливи се цивилите во таквите ситуации. Во 30 оружени конфликти во светот, како што покажува најновиот извештај на Амнести интернешенел, 80 насто од жртвите се деца, жени и стари лица.

На истава тема, во интервју за Дојчланд функ, директорот на германскиот институт за човекови права Хајнер Билефелт ја искажува загриженоста околу загрозеноста на луѓето што се борат за човековите права:

“Посебна загриженост предизвикува тоа што во многу земји во светот борците за човекови права се сериозно загрозени, и тоа многу повеќе од изминатите години. Во еден извештај на Обединетите нации се посочуват примерите на луѓе што работат во новинарството или во правниот систем како адвокати, што покажува промена на расположението, односно дека нешто мора да се направи со доминацијата на безбедносните интереси во политиката, доминација што и во Германија во последно време е очигледна“.