1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ден на триумф на слободата

На 65 годишнината од одбележувањето на сојузничката инвазија во Нормандија, американскиот претседател Барак Обама зборуваше на воените гробишта во Колвил-сур-Мер, каде се одржа американската централна прослава.

default

Претседателите на САД и Франција, Барак Обама и Никола Саркози, со сопругите

Неколку часови претходно, во Бајо беше одржана комеморацијата на британските воени гробишта во присуство на принцот Чарлс и премиерите Гордон Браун и Франсоа Фијон. Вкупно 450 церемонии во цела Нормандија. Прославата на „најдолгиот ден“ беше прилика и за серизни политички разговори.

Насмевнат и опуштен американскиот претседател Барак Обама накратко се поздрави со толпата народ во Кан, кој на извесен начин беше награден, за се‘ она што општината го поднесува од пред неколку дена, поради драстичните безбедносни мерки.

По кратката официјална церемонија, на која беа изведени американската и француската химна, претседателите на

Barack Obama und Nicolas Sarkozy im Gespräch

Сериозни политички разговори

САД и Франција, Барак Обама и Никола Саркози имаа кратка средба и работен ручек. Двајцата претседатели опфатија повеќе значајни меѓународни прашања, како ситуацијата на Блискиот исток, Авганистан, Иран, Северна Кореја, а било споменато и се‘ уште не објаснивото исчезнување на францускиот патнички авион во Атлантикот.

Јасни пораки до Иран и Северна Кореја

Околу Иран, Обама и Саркози имаат слична визија, односно Иран има право да ја развива цивилната нуклеарна програма. До Иран и Северна Кореја тие испратија порака дека треба да размислат за нивните воени нуклеарни амбиции. За Блискиот исток, американскиот претседател потврди дека арапските земји треба да се вклучат во процесот меѓу Израел и Палестина, што според него може да придонесе за напредок.

Околу разликите меѓу американскиот претседател и францускиот претседател, кој исто како и германската канцеларка Ангела Меркел е против влегувањето на Турција во ЕУ, Обама беше јасен - ова прашање ќе напредува независно од она што ќе го кажат САД, тоа зависи од дијалогот меѓу членовите на ЕУ и Турција.

„Пријателите не се грижат за конвенциите и протоколите“

На забелешките дека Европа не е приоритетна за американската дипломатија, по неговата кратка посета на Германија и Франција и бројните коментари во европскиот печат, бидејќи Обама не најде многу време за

Obama Sarkozy Caen D-Day 2009

Опуштениот Обама се „вадеше“ дека агендата му е преполна

дружење со лидерите на двете земји, американскиот претседател одговори: „Што значи тоа? Тоа значи дека мојат агенда е крајно оптоварена.“ Обама, смета дека е важно што добрите пријатели не се грижат за симболите, конвенциите и протоколите. САД се пријатели и сојузници на Франција и Европа.

Францускиот претседател Никола Саркози давајќи дефиниција на пријателството меѓу Франција и САД, го поздрави обраќањето на неговиот американски колега во Каиро: „Сметам дека говорот на претседателот Обама е исклучително важен. Долго време чекавме САД, првата светска сила, ја преземат целата одговорност за да се избегне судирот меѓу културите, меѓу Западот и Ориентот.“

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска