1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ден на светското население

Денеска е Ден на светското население. Светот го дочекува овој ден со речиси седум милијарди жители, граница која веројатно ќе биде достигната на крајот на октомври.

default

Секоја секунда, според наводите на Германската фондација за светско население, на свет доаѓаат три бебиња, што значи околу 80 милиони луѓе годишно. Најновите прогнози велат дека бројот на луѓето до 2050 година ќе се зголеми на 9,3, а до 2100 година на 10,1 милијарди. Фондацијата апелира до индустриските земји и земјите во развој да ги спречат несаканите бремености со подобра заштита. Парламентарниот секретар во германското министерство за развој Гудрун Коп, изјави дека на светот му се неопходни мерки, кои ќе одговараат на потребите на општествата, оние што растат бргу и имаат многу младо население и оние што стагнираат според број на жители и чие население старее.

Автор: ЕМФ/ГЧ/кна

Редактор: Борис Георгиевски