1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Ден на пивото

23 април е голем ден за германските пријатели на пивото. На тој ден во 1516 година, значи пред 490 години, беше дадена дозволата за пивото, односно првиот закон за животни намирници во светот.

„Во пивото е вистината„

„Во пивото е вистината„

Германија во светот е на трето место по потрошувачката на пиво, со годишно трошење по глава на жител од 116 литри. Повеќе пијат само Чесите и Ирците.

Ноќ во пивницата „Бенш„ во Бон. Атмосферата е одлична зашто гостите таа вечер ќе се запознаат со тоа како се прави пиво. Може да се посматра преку стаклото од ресторанот. 12 часа пред тоа, мајсторот Михаел Вебер веќе започна со подготовките. Водата веќе минува низ котелот, а мајсторот Вебер истура јачмен низ отворот:

„Количеството јачмен што ни е потребно за една тура се 112 ипол килограми. Додавам топла вода, а потоа и нормална вода од чешма. Полека ја достигнувам неопходната температура потребна за мешањето, значи 52 степена„.

Гостите смеат да ја пробаат мешавината од вода и јачмен:

„Одлично, наликува на мусли„.

Јачменот се третира на специјален начин за потоа да се измеша со шекер. Во упатството од 1516 година се наложува освен јачменов слад, како додатоци за пивото да можат да се користат само уште вода и хмељ. Законот за чистота на пивото служеше и како закон против дрогата, зашто тогашните пивници експериментираа со различни додатоци.

Денес техниката за производство на пиво е обработена до детали. Во големите пиовници како Битбургер, Кромбахер, Фелтинс, Бекс или Пауланер, процесот на прозиводство се води компјутерски. Меѓу скоро илјада и 300 пивници во Германија, само малку се големи, надрегионални, зашто пивото е вкоренето во локалните култури. Локалпатриотизмот оди до таму што пиво од соседен регион воопшто не се нуди во сопствениот. Тоа може да се случи и меѓу два града што се оддалечени само 50-сетина километри, како Келн и Диселдорф.

Сепак, младата генерација повторно го открива виното како дел од животниот стил, па за ралзика од пивото, виното секогаш го има по повод некој празник. Мајстор Вебер смета дека тоа не оправдано:

„Мислам дека е штета што виното толку се цени и се вели: пијалок на боговите, а пивото се третира како пониска класа. Мислам дека тоа е грешка. Познато е дека пивото има вековно стара традиција. Освен тоа, во вината смеат да се додаваат средства за стаблизирање, што за пивото, според законот за чистота, не е дозволено. Затоа мислам дека е штета како се третира пивото„.

Како и да е, како и да се прави или да се третира, кога пивото е тазе и добро изладено, има одличен вкус и ја загрева атмосферата.