1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Ден на жалост во Русија

Дводневна жалост во Русија за повеќе од 300 жртви во заложничката драма во Беслан, Северна Осетија. Знамињата во целата земја се на половина копје, нема забавни емисии , ниту театарски претстави, а во црквите се одржуваат богослужби за жртвите. Вчера во Беслан беа погребани првите жртви.

Жалост во Русија

Жалост во Русија

Во болниците во градот на лекување сеуште има околу 430 лица, од кои повеќе од половината се деца. Како исчезнати сеуште се водат 260 луѓе, а властите сметаат дека бројот на загинати, кој сега изнесува 338 лица, ќе се зголемува.

Претседателот на Северна Осетија, Александер Дсазохов, ги посети повредените деца во болница и со солзи во очите побара прошка што не можел да ги заштити децата, учителите и родителите.

Истовремено, тој, говорејќи за останатите конлфикти во регионот, апелираше да се биде прибран и да не се дозволи премногу чувствата да надвладеат над делата. Слични апели дојдоа и од Чеченија и Ингушија. Но, меѓу населението во Беслан, се шири бес. ”Ако видам чеченец или некој од Ингушија, ќе го убијам, или ќе ги убијам неговата мајка или децата”, вели еден човек чија сестра се води како исчезната по заложничката драма. По првите погреби, вчера, се слушаа слични изјави. ”Беслан е еден толку мал град. Со што го заслуживме ова?”, прашува еден од ужалените.

Опасноста што се заканувала не е правилно проценета, призна рускиот претседател, Владимир Путин, кој вчера неколку часа престојуваше во Беслан.

Тој тврди дека земјата нема друг избор освен борба против терористите.

”Терористите веруваат дека се посилни од нас и дека можат да не заплашат со својата бруталност, да ја потиснат нашата волја и да го уништат нашето општество. Ние очигледно сме исправени пред изборот или да се броиме против терористите, или да се свтикаме под нивните барања. Како претседател и како граѓанин на Русија убеден сум дека ние во суштина немаме друг избор, зашто ако дозволиме да не уценуваат и ако не фати паника, милиони луѓе ќе бидат вовлечени во безброј крвави конфликти.”

Министерот за внатрешни работи на Северна Осетија, Казбек Дзантијев поднесе оставка, изјавувајќи дека по она што се случи во училиштетот нема прао да биде на таа функција. Руската телевизија вчера емитуваше снимка од маж за кој заменикот државен обвинител изјави дека бил дел од грабнувачите, кои во заложништво држеа повеќе од илјада и сто луѓе. Уапсениот, на видео снимката извикува ”Се колнам во Алах дека јас не пукав.”