1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ден на жалост во Македонија

Во Македонија денеска е ден на жалост поради бродската несреќа во Охрид. Во текот на денот, на македонско барање, ќе пристигнат експерти од Хрватска и Бугарија, кои ќе помогнат околу разјаснување на несреќата.

default

Знамиња на половина копје

„Веднаш по потонувањето на бродот ’Илинден’, владините институции ги презедоа сите неопходни мерки и активности со цел да не дојде до поголема трагедија. За жал, според последните информации што ги имаме, од вкупно 57 лица кои биле на бродот, вклучително и две лица од екипажот, животот го загубија 15 патници, државјани на Република Бугарија“, се наведува во соопштение на македонската влада.

Mazedonien Schiffsunglück

Животот го загубија 15 патници

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов вчеравечер во Охрид се сретна со бугарскиот претседател Георги Прванов. На средбата, Иванов го информирал Прванов за сите сознанија во врска со настанот и упатил сочувство до семејствата на загинатите и до бугарскиот народ. Иванов најавил дека ќе продолжи брзото спроведување на сите потребни дејства за да се утврдат околностите кои довеле до трагедијата, како и да им се помогне на повредените граѓани и да им се пружи потребната поддршка на семејствата на загинатите.

Македонскиот премиер Никола Груевски испрати писмо со сочувство до својот бугарски колега Борис Борисов, во кое меѓу другото се вели: „Длабоко ме потресе веста за трагичната бродска несреќа која се случи во водите на Охридското езеро во која животот го загубија државјани на Република Бугарија. Ве молам, да ги пренесете изразите на моето искрено жалење до семејствата на настраданите во оваа трагична несреќа. Ние и целиот македонски народ сочувствуваме со нивната болка поради загубата на своите најмили. Нашите мисли и молитви се со нив.“

Автор: ЕМФ/ТТ/миа