1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Денот кој им е во срцата на Европејците

Економската и финансиска криза ја тресат ЕУ. Високи стапки на невработеност, несигурни пензии и неизвесна иднина - колку еуфорични се Европејците? Како ја доживуваат ЕУ нејзините млади жители?

Што е всушност ЕУ? Мир, слобода, демократија, стабилност, благосостојба... По векови полни со конфликти и две големи војни, Европејците можат да бидат сигурни дека внатре во Унијата можат да живеат сигурно. Но, според неодамна објавено истражување, Европејците губат доверба во ЕУ и нејзините политички институции. Граѓаните на ЕУ се грижат за иднината на своите деца, работните места и пензиите. Граѓаните се фрустрирани кога сфаќаат дека нивниот глас не се слуша во институциите на ЕУ. Резултатот се демонстрации, протести и насилство.

Од кризата да се излезе посилен

Griechenland Protest Demonstration Sparmaßnahmen Generalstreik 01.05.2013 Symbolbild EU Europa

Протестите го привлекуваат вниманието на политичарите, но насилните протести не ги решаваат проблемите

„Доброто во протестите во земјите, како Грција или Шпанија, е што луѓето го привлекуваат вниманието на политичарите. Но, начинот на кој тие тоа го прават е застрашувачки. Насилството не ги решава нивните проблеми“, забележува Ана од Словенија. Младата Словенка повеќе години го следи политичкиот развој во Европа.

„Европската политика се соочува со тешки времиња. Меѓутоа, тоа не е ни прв ниту последен пат. Се надевам дека ќе ја совладаме оваа криза. Се надевам дека од неа ќе излезе јака и, на меѓународно поле, важна ЕУ“, смета оваа Словенка.

Базата за соживот внатре во ЕУ е културната разноликост, високиот ангажман во заштитата на граѓанските права и заедничките вредности. Во моментов е важно да се задржи единството, за од економската и финансиска криза да излезе една нова и појака Европа. Во оваа криза постојат две можности – или сите ќе бидат губитници или добитници.

Flaggen vor dem Europäischen Parlament Handelsausschuss Symbolbild

Дел од младите во Европа сметаат дека како што се гласа составот на Европскиот парламент, така треба да се гласа и за составот на Европската комисија

Белгиецот Франсоаз е политички ангажиран во една младинска организација. Тој вели дека Европа брзо се шири.

„Меѓутоа, менталитетот на граѓаните не се менува така бргу. Наскоро ќе имаме 28 членови. За да постигнеме стабилност во Европа, прво мораме да го запреме ширењето. Досега излегаше како секоја земја да застапува свои интереси и никој да не мисли на Европа во целост“, вели Франсоаз.

Солидарност наместо права за појакиот

Секоја држава има свое мислење. Меѓутоа, ЕУ и европските интеграции не се нешто што се подразбира само по себе. Изворните разлики во актуелната криза повторно се забележуваат.

Бенјамин од младинската организација „Млади европски федералисти“ вели дека заедничката Европа почнува кај заедничкиот избор – не само за Парламентот, туку и за Комисијата.

„Граѓаните на ЕУ воопшто не знаат кој во Брисел ги носи одлуките. Тие секогаш ги обвинуваат бриселските политичари, иако всушност политичарите во земјите-членки се тие кои мораат да донесат одлука. Тоа се игнорира“, вели Бенјамин.

Symbolbild Europa Sterne Gesicht Tuch Flagge Mädchen

Младите Европејци се интересираат за политичките случувања во Унијата

Младите Европејци покажуваат дека ги интересираат политичките случувања во ЕУ. Исто така покажаа подготвеност за политички ангажман и борба за своите интереси. Европските политичари, според мислењето на овие млади луѓе, требаат исто така да покажат дека се залагаат за решавање на проблемите на граѓаните на ЕУ. Од моменталната ситуација, според нив, би требала да израсне Европа која економски ќе биде јака и ќе има повеќе демократија и социјална правда.

Денеска, на 9 мај, се одбележува „Денот на Европа“. Роберт Шуман на 09.05.1950 година ги повика Италија, Германија, Белгија, Луксембург и Холандија да основаат Европска заедница за јаглен и челик. Првичната замисла всушност била да се контролира Германија, а посебно нејзиното производство на челик. Но, поранешните непријатели со текот на времето станаа пријатели.

Поврзана содржина