1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Денот „Д“ во Америка

Гласањето е во полн ек. Изборите почнаа со победи на Барак Обама во првите две општини во Њу Хемпшир. Но, фаворитот мораше дa се соочи со пораз на личен план: кратко пред почетокот на гласањето му почина омилената баба.

default

Првите гласачки места се отворија во Диксвил Ноч, Њу Хемпшир

На гласачките места има долги редици на луѓе кои чекаат да влезат и да го дадат својот глас за идниот американски претседател. Во САД, поради различните временски зони, гласањето започнува во различно време на различни места, па така како последни се отвораат избирачките места во Аљаска и Хаваите. Но, веќе има и први резултати. Во градот Диксвил Ноч во Њу Хемпшир, кој има 60-годишна традиција да биде прв град кој гласа во земјата, победи демократот Барак Обама. Од вкупно 21 регистрирани гласачи, Обама освои 15 гласови, наспроти републиканецот Меккејн кој доби 6 гласа. Во 2004 година на пример таму победи Џорџ Буш, кога беше реизбран за претседател. Во денешното гласање во градот прв пат победува демократски кандидат по 1968 година.

Се очекува рекорден одзив

На овие избори се очекува да има незапаметен одзив на гласачите.

USA Präsidentschaftswahlen Wähler vor Wahllokal

Поради рекордниот број регистрирани гласачи има долги редици пред изборните места

Особено поради фактот дека се регистрирале над 135 милиони гласачи, или три четвртини од луѓето со право на глас. Повеќе од 24 милиони Американци веќе го дадоа својот глас, искористувајќи ја можноста да гласаат еден ден порано. Според излезните анкети, бројот на оние што изјавиле дека гласале за демократот Барак Обама е за еден милион поголем од оние кои го поддржаа републиканецот Џон Меккејн.

Двајцата кандидати веруваат во победа

И покрај тоа што според испитувањето на јавното мислење Обама има голема предност пред Меккејн, републиканецот не се откажува. Според пораките во последните настапи од кампањата, и двајцата кандидати изјавија дека веруваат во победа. Барак Обама кој на последниот ден од кампањата беше и во Флорида, порача: „Не смееме да попуштиме. Ниту една минута, ниту еден час, ниту една секунда. Тоа не е добро, особено сега кога волку многу работи се во игра. Мора да победиме на овие избори!“ Меккејн од Пенсилванија пак вчера возврати:„Има само уште еден ден до моментот кога ќе ја поведеме Америка во друга насока. Ќе победиме со ваша помош. Тропајте на вратите, земете го соседот со вас на гласање. Потребни ми се вашите гласови“, повика Меккејн.

Тажна вест за Обама

На само неколку часа пред почетокот на гласањето, дојде и една тажна вест за Барак Обама.

Barack Obama mit seiner Großmutter Madelyn Lee Payne Dunham

Бабата Медлин не дочека да види дали внукот ќе стане претседател на САД

Неговата омилена баба Медлин Дунам ја загуби битката со ракот и почина. За неа, тој дури и ја прекина предизборната кампања за последен пат да ја посети додека лежеше во постела. Таа нема да дознае дали нејзиниот внук денеска ќе биде избран за 44-от претседател на САД и за прв афро-американец на таа функција.

Првичните резултати се очекува да ги објават поголемите американски телевизии уште во текот на ноќта по средно европско време.

DW.COM