1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Денес успех, но што ќе биде утре?!

На параолимпијадата во Ванкувер германските претставници освоија најмногу златни медали. Но иднината на спортот на инвалидизирани лица ни оддалеку не изгледа добро поради недостокот од подмладок.

default

Успех за германските натпреварувачи во Канада

Ана Шафелхубер, која се' уште оди на училиште и како 17-годишно девојче беше најмлада членка на германскиот тим, освои бронзен медал во супервелеслалом на нејзиното деби на параолимпијадата. Покрај тоа што е талентирана, таа ги користи придобивките од се’ попрофесионалната поддршка на подмладокот на германскиот спорт за хендикепирани лица.

„Поддршката е многу важна. Без неа не би била тука.“

Ана Шафелхубер учествувала веќе неколку пати на параолимписки младински камп, кој во Германија постои од 1992 год. Од оваа година треба да се одржат за првпат и меѓупокраински натпревари под името „Младите тренираат за параолимпијадата“.

Anna Schaffelhuber bei den Paralympics 2010

Многу упорност за спортистите со хендикеп, Ана Шафелхубер

Добар, но недоволен концепт

Концептот за подмладокот е добар, но ни оддалеку не е доволен, смета Јулиус Бојхер, претседател на Германското спортско здружение за лицата со посебни потреби.

„Сосема самокритично велам дека ние сме само на почетокот. Нам ни треба повеќе подмладок.“

Но токму тоа е голем проблем за здружението: нема доволно млади параспортисти, бидејќи најголемиот дел од нив не се родиле со својот хендикеп, туку го стекнале во текот на животот како последица на несреќен случај или болест.

За многумина на кои, на пример, само што им ампутирале нога, несвојствена е помислата на спорт, уште помалку за врвен спорт. Одвај шест проценти од лицата со физички хендикеп во Германија се членови на спортски клуб.

Пречки за контакти

Колку е тешко да се добие подмладок, покажува примерот на атлетскиот тренер Штефи Нериус. Таа прашувала во болници и ортопедски центри за адреси на лица со физички хендикеп, за да стапи во контакт со нив, но не ги добила, поради заштита на личните податоци. Во другите земји е полесно добивање информации на ваков начин, раскажува Јулиус Бојхер.

„Можам да наведам пример од Русија. Таму било стапено во контакт со 19.000 слепи деца, да им се поттикне интересот за спорт. Околку 5.600 одговорија, а беа регрутирани над 2000 од за тренинзи на подмладок.“

Ана Шафелхубер случајно почна да се тренира моноскијање.

„Кога имав пет години, татко ми прочита оглас дека Герда Шамлер, поранешна победничка на параолимпијада дава курсеви, на кои јас се пријавив и беше многу кул.“

Автор: Дара Фаупел/ Ана Стојиловска

Редактор: Жана Ацеска