1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Денеска ќе се утврди редоследот на изборните листи

Државната изборна комисија (ДИК) во Македонија денеска (24.02) ќе го одржи жребувањето за утврдување на единствената листа на кандидати за градоначалници и членови на советите на општините и на Градот Скопје.

default

Архивска фотографија (јуни 2011 година)

Општинските изборни комисии утврдените единствени листи ќе ги огласат најдоцна 25 дена пред денот определен за одржување на изборите, односно на 26 февруари до сите населени места и на избирачките места во општината, односно во Градот Скопје. Утврдените листи на кандидати во општините во кои најмалку 20 проценти од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот се објавуваат покрај на македонски и неговото кирилско писмо и службениот јазик и писмо што го употребуваат граѓаните во таа општина.

До 8 март треба да заврши задолжителната едукација на членовите на општинските изборни комисии, а од 1 до 21 март општинските изборни комисии ќе организираат, вршат и спроведуваат едукација на членовите на избирачките одбори според Планот и Програмата на ДИК. Изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите, односно на 4 март на полноќ и завршува на 22 март. Во првиот и вториот круг на гласање кампањата не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите.