1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Денеска треба да заврши вештачењето за сообраќајната несреќа на Проески

Надлежните органи на Хрватска одлучија постапката околу одговорноста за несреќата да и ја препуштат на Македонија. Во Скопје во меѓувреме треба да е вратен и возачот на возилото Ѓорѓи Ѓорѓевски. Македонија сеуште тагува.

default

Тоше Проески

Македонија жали за трагичната загуба на Тоше Проески. Пеачот со ангелски глас, големиот хуманист, кој ја обедини не само Македонија туку и целиот Балкан. Македонските граѓани ќе го паметат Тоше Проески по своите великодушни особини и ангелскиот глас со кој ги освои срцата на сите. Верата во бога и односот со семејството за многумина се најголемите доблести на музичката ѕвезда, кои мора да се применат за мисијата на Тоше да не биде залудна.