1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Денеска сите на бакнување!

Бакнежот не само што има свој ден кога се слави неговото постоење, 6 јули, туку има и своја научна гранка филематологија, која се занимава со проучување на бакнежите.

default

Бакнеж на љубовната парада во Берлин, 2003 г.

Гледано од академски аспект, тешко е да се каже зошто се посветува толку големо значење на спојувањето на отворените усти. И покрај тоа бакнежот е израз на ред важни околности како знак на љубов меѓу партнерите, поздрав меѓу пријателите, почитување и многу повеќе. Ингрид Бергман има дадено една од најубавите дефиниции за бакнежот: „Бакнежот е привлечен трик на природата, да се заврши реката зборови, кога зборовите стануваат излишни“.

Symbolbild Verliebte Kuss

Што го прави бакнежот посебен?

Првиот бакнеж во историјата на филмот предизвика голем скандал: тоа се случи во 1896 година во филмот „Бакнеж“ на Томас Едисон. Скандалите со бакнежите се познати во светот, а меѓу нив е и оној на Мадона и Бритни Спирс на доделувањето на наградите MTV Video Music Awards 2003. Масовно бакнување имаше во 2004 година, кога 4.000 двојки се бакнуваа поради промоција на нова паста за заби.

По повод меѓународниот ден на бакнежите, во Германија се одржуваат различни активности, во различни супермаркети се продаваат чоколади во форма на срце, а во центрите на поголемите градови се поставени „бакнеж-шатори“, каде што заљубените може да се фотографираат за спомен.

Автор: АА/АТ/отс/мп

Редактор: Александра Трајковска