1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Денеска се одржуваат претседателски избори во Турција

Како кандидат со најголеми шанси за избор се смета досегашниот министер за надворешни работи и доверлив соработник на премиерот Реџеп Таип Ердоган, Абдула Ѓул.

default

Абдула Ѓул на прес-конференција во Анкара

“Уставот ќе биде она што ќе ме води. Република Турција е демократска, секуларна и социјална држава заснована врз владеењето на правото. Моја главна задача ќе биде да ги штитам и понатаму да ги зајакнувам овие принципи.“

Со овие зборови Абдула Ѓул минатата недела ја најави повторната кандидатура за претседател на Турција. Првото номинирање за кандидат на владеачката партија АКП во април годинава предизвика сериозна политичка криза во земјата. Стотици илјади демонстранти во повеќе наврати излегоа на улица за да и‘ се спротистават на кандидатурата на актуелниот министер за надворешни работи, нагласувајќи дека тоа може да го загрози секуларниот карактер на турската држава. И турската армија, како сериозен фактор во политичкиот живот и гарант на секуларизмот најави отпор против кандидатурата на Ѓул. Така владеачката партија беше принудена да распише предвремени парламентартни избори на 22. јули, на кои извојува уверлива победа.

Заменик претседателот на АКП, Сабан Дисли, го толкуваше изборниот резултат како изјаснување на народот за кандидатурата на Ѓул и порача дека се‘ друго освен неговото повторно кандидирање би било постапка против волјата на избирачите. Тој исто така смета дека стравовите на секуларистите во Турција од кандидатурата на Ѓул се без основа:

“Пред се‘ Господинот Ѓул ќе биде независен претседател со подеднаква дистанца кон сите политички партии. Она што ќе го води ќе биде турскиот устав. Тој тврди дека ќе се придржува до уставните принципи и ќе го штити уставот. Сметам дека Абдула Ѓул ќе биде добар претседател на Турција!“

Она што ја прави неговата кандидатурата проблематична е неговото исламистичко минато. 56-годишниот политичар беше член на исламистичкото движење уште од студентските денови. Од 1983-та до 1991-та работеше во Саудиска Арабија како економист во Исламската банка за развој. Политичката кариера почна во 1991, кога стана и пратеник на Исламската партија на благосостојба. Беше министер уште во владата на премиерот Ербакан во 1996-та година, која меѓутоа беше симната од власт по политичката кампања што ја иницираше турската армија во 1997-та. Во 90-тите години Абдула Ѓул исто така беше многу критички настроен кон про-западната ориентација на неговата татковина и се противеше на можното членство во ЕУ.

Откако дојде на чело на министерството за надворешни работи Абдула Ѓул се покажа како многу кооперативен и помогна во спроведувањето на сеопфатните демократски реформи. Но, западните политичари, посебно во САД и понатаму се сомневаат во неговата ориентација. За време на неговото раководење со турската надворешна политика дојде до значително приближување на земјата кон арапските и другите исламски држави.